Совети кои секоја млада мајка треба да ги знае: Не барајте дијагнози на Google!

Младите мајки често пати добиваат многу совети, а поголемиот дел од нив не можат да ги реализираат. Но, овој пат е малку поинаку.

18-soveti-koi-sekoja-mlada-majka-treba-da-gi-znae-ne-barajte-dijagnozi-na-google-01.jpg

Овие 18 совети во продолжение ќе ве научат дека понекогаш поважно е да се одморите или да си играте со бебето, отколку да ги измиете садовите или да ја светнете бањата, а не обратно како што сите ви зборуваат.

Земете си 10 слободни минути, внимателно читајте и уживајте додека сте млада мајка:

1. Кога некој од блиските ќе ви се понуди да ви го причува бебето за вие да одморите, задолжително прифатете. Исто така, тоа време не го користете за започнување нови обврски. Наместо тоа завршете ги старите или легнете да одморите.

2. Смирете се. Плачењето е неизоставен дел од животот на новороденчето, па така и од вашиот.

3. Вашето бебе за само некој месец ќе биде 3 пати поактивно од сега. Затоа гледајте филмови и пијте кафе со партнерот додека можете, а бебето оставете го во количка или релаксатор. Додека му се спие - нека спие!

4. Купете квалитетен фотоапарат затоа што овие денови брзо поминуваат. Годините летаат, а многу брзо ќе сфатите дека требаше почесто да ги фотографирате и снимате важните моменти.

5. Не заборавајте дека и вие треба да сте дел од овие фотографии. За неколку години, кога ќе го прелистувате семејниот албум, ќе бидете многу посреќни ако на нив ја видите младата мајка која обожаваше да се забавува пред објективот.

6. Избегнувајте ги сајтовите кои ви ги прикажуваат „совршените мајки.“ Ќе ги препознаете така што нивните колачиња секогаш се беспрекорно декорирани, домот им е како од списание, а децата им се совршено воспитани, додека тие се одлично нашминкани и облечени по најнова мода. Не се измачувајте, реалноста не е таква.

7. Набавете си удобна облека. И не ги жалете парите кои ќе ги дадете за неа.

8. Не се преокупирајте со советите кои ви ги даваат постарите. Следете го својот инстинкт и советите од лекарот, така сè ќе биде во најдобар ред.

9. Не бидете строги кон себе и вашето тело по породувањето. Ако вие не ги разбирате промените низ кои поминавте, нема никој друг да ве убеди дека тоа е сосема нормално.

18-soveti-koi-sekoja-mlada-majka-treba-da-gi-znae-ne-barajte-dijagnozi-na-google-02.jpg

10. Не ги барајте одговорите на вашите прашања на Google или по форумите. По никоја цена, во никој случај.

11. Не читајте книги за воспитување. Не постои конечен одговор на прашањето „Како да бидам мајка?“ Единствено нешто што треба да ве интересира е како да бидете среќна мајка.

12. Ќе има денови кога и вие и вашиот дом ќе бидете во лоша состојба. Ќе има и денови кога ништо нема да ви оди од рака. Но, не грижете се премногу - утре е нов ден.

13. Депресијата по породувањето не е измислена приказна, ниту причина за срам. Побарајте стручна помош, ќе се изненадите од резултатот кој ќе го постигнете за само неколку дена.

14. Верувањето дека набрзо нема да можете да забремените не е контрацепција. Ако не сте подготвени за уште една принова, мислете на време.

15. Во ред е да не уживате во секој момент од денот. Не сте лоша мајка ако понекогаш сакате да одморите од рутината и да си пружите топла купка или да излезете со пријателите на кафе. И на вашето бебе добро ќе му дојде промената.

16. Не си ги преземајте сите обврски. Партнерот сигурно е доволно снаодлив за да го замолите да заврши нешто наместо вас.

17. Ќе го прекршите секое правило кое започнува со зборовите „Моето дете никогаш нема...“ и тоа најверојатно уште во првата година. И тоа е во ред, навикнете се.

18. Обидете се да уживате колку повеќе можете. Времето тече, а ова што го доживувате денес никогаш нема да се повтори, барем не во ист облик.

18-soveti-koi-sekoja-mlada-majka-treba-da-gi-znae-ne-barajte-dijagnozi-na-google-03.jpg

Би можело да ве интересира:

7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Мајка од Кина го пронашла киднапираниот син по 32 години - Бил продаден на пар без деца за 760 евра Ли Џингзи од Кина поминала повеќе од три децении во потрага по својот син, Мао Ј...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
Момче од Кореја (4) го расплака целиот свет, откако кажа зошто мисли дека родителите го мразат „Мајка ми ме мрази, не сака да си игра со мене“ – дете од Јужна Кореа ги освои с...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
Илустрации за родители: Како да се справите со непријатните ситуации со вашите деца? Што да направите кога детето не сака да ги дели играчките или, пак, кога ќе науч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg