Француски правила за воспитување на децата кои целиот свет ги препорачува

Кога американската авторка Памела Друкерман посвети цела книга на позитивните страни на воспитувањето и методите на Французите,  целиот свет призна дека во нив има нешто посебно.

10-francuski-pravila-za-vospituvanje-na-decata-koi-celiot-svet-gi-fali-01.jpg

Нивното родителство е поопуштено и насочено кон семејството како целина, а не само на детето.

Еве кон што се придржуваат родителите во Франција, а би требало да се обидете и вие:

1. Одлучното НЕ е задолжително зборче во воспитувањето

Цврстото, но смирено НЕ го користи секој родител во Франција кој сака да изреагира љубезно, а сепак да покаже авторитет. Нема никакво викање, бес или објаснување.


2. Децата треба да бидат способни сами да играат

Односно, додека децата играат родителите не треба да се мешаат, ниту да бараат да бидат вовлечени во играта. Исто така не треба да му се нудат за на детето да не му биде здодевно. Кога родителите имаат работа децата треба да се мирни и да уживаат во играчките кои ги имаат, без никакви проблеми.

10-francuski-pravila-za-vospituvanje-na-decata-koi-celiot-svet-gi-fali-02.jpg

3. Важно е возрасните да имаат време за себе

Французите веруваат дека кога стануваат родители нивниот социјален и љубовен живот не завршува. Тие одвојуваат време за себе, партнерот и пријателите. Тие веруваат дека само на тој начин ќе ги научат децата дека не се центар на случувањата.


4. Децата мора да учат да бидат независни

Мајките во Франција не го надгледуваат секој чекор на детето. Таму децата сами шетаат, одат во продавница, до училиште, до кај нивните баби и дедовци, па дури и во поголемите градови. Родителите тврдат дека се посигурни кога не го следат секој детски чекор и секое спуштање од тобоганот. Едноставно, сакаат да им ја препуштат и зајакнат самостојноста.


5. Трпението и мирот се од клучно значење

Французите ги учат своите деца дека не сè ќе добијат сега и одма. Родителите ги учат да чекаат на ред, да не ги прекинуваат разговорите и да го почитуваат редот на оброкот.


6. Семејните собири вредат цело богатство

Сите знаеме дека француската кујна е една од најдобрите. Токму затоа, ручеците и вечерите во кругот на семејството се од клучно значење, посебно за време на викендите. И тука нема отстапување.

10-francuski-pravila-za-vospituvanje-na-decata-koi-celiot-svet-gi-fali-03.jpg

7. Децата јадат исто што и возрасните

Во Франција не постојат посебни оброци за деца. Тие јадат исто што и возрасните, само во помали количини. Дечињата во Франција прилично рано се запознаваат со зачинетото пире, месото со сосови и слични специјалитети.


8. Викендот е време за семејството

Додека во повеќето земји во светот викендите се исполнети со завршување на обврските, во Франција викендот е време за семејството. Тоа е време кога сите заедно ручаат, одат на вечерни случувања, во посета на музеи или во омилената викендичка. Тоа се денови кога семејството е приоритет, без компромис.


9. Не ги оптоваруваат децата

Тие веруваат дека и на детето му е потребно време само за себе. Па така, никогаш нема да видите нервозно дете кое не сака да оди на курс или на спорт, само затоа што родителот го тера. Нивните слободни активности се исклучиво лична желба.

10-francuski-pravila-za-vospituvanje-na-decata-koi-celiot-svet-gi-fali-04.jpg

10. Целта е да пронајдат баланс во родителството

Убавината на родителството е токму во тоа - да не се претерува. Семејството е во преден план, но работата и пријателите се важни. Тоа е всушност рецептот за успешен родител - совршен баланс.

Би можело да ве интересира:

„Мојот живот пред децата vs. по децата и зошто не би го менувала за ништо на светот?“ Пред децата, мојата романтична љубов кон партнерот мислев дека е најдлабоката љу...
Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
Синот ми се загуби во зоолошка во Скопје - совети како најлесно да го најдете детето во толпа Детето ви ја пуштило раката и побегнало, а наместо да дојде кај вас додека избез...
Како да му помогнете на детето да се навикне да спие само во детската соба? Кога ќе стигнат до одредена возраст, препорачливо е децата да почнат да спијат с...
Ги оптоваруваме со финансиските проблеми, очекуваме премногу од нив – Најчести грешки што ги правиме... Децата не се бесплатни бебиситери, ниту пак се наше рамо за плачење. Кои се најч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg