7 работи кои мајките не можат да ги прават поради децата

Кога станувате мајка колку што истовремено се чувствувате посебно и семоќно, толку наеднаш сфаќате дека има некои работи кои веќе не можете да ги правите.

7-raboti-koi-majkite-ne-mozat-da-gi-pravat-poradi-decata-001

Некои вообичаени работи кои никогаш порано не ви претставувале пречка, сега се некако отежнати.

Наеднаш се фаќате како изговарате дека нешто не можете да направите. Најчесто причината е затоа што имате дете.

Среќата да се има дете не може со ништо да се замени, но понекогаш ви треба сила да прифатите дека веќе не ги можете некои работи како порано.

Секоја мајка се нашла во момент да изговори:

1. Не можам да викам и да пцујам и морам да го голтам бесот додека возам. Нема ништо подобро од малку пцовки низ прозорецот, но малите уши ви го држат речникот под контрола.

2. Не можам дури да си ја слушам ни омилената музика во својот автомобил. Сигурно не би можела да му објаснам на детето која е пораката на некои зборови во метал песните, па морам цел пат да слушам детски песнички.

3. Не можам ни да излезам од дома на време. Никогаш. Тоа е Марфиев закон, ако нешто може да тргне наопаку, ќе тргне. Најчесто тоа е пресоблекување, кога само што сте се фатиле за кваката на вратата, но забележувате дека малите размачкани рачиња ве фатиле за панталоните.

7-raboti-koi-majkite-ne-mozat-da-gi-pravat-poradi-decata-1.jpg

4. Не можам да се сетам ни кога последен пат сум изгледала епизода од омилената серија од почеток до крај. Да, ова дефинитивно е луксуз од минатите слободни денови и филмски маратони.

5. Не можам ни да ги проверам знаците за анксиозност кои ги кажуваат на вестите, затоа што веќе ми се случуваат. Мајчинството автоматски ги зголемува шансите за анксиозно однесување, хипохондрија, претерана грижа, несоница, параноја...

6. Не можам ниту да останам будна после 9 навечер. Со оглед на целиот турбулентен ден, добро е ако не заспијам и пред детето. После раѓањето, сакале или не, излегувате од онаа кул територија.

7. Не можам ни во тоалет да одам на раат. Одењето во тоалет станува посебна вештина, за да се извлечете без да ве види, набрзина да завршите работа и да се вратите како да не сте ни заминале.

Кога подобро ќе размислите, ретко кои работи може да ги правите слободно, мирно и безгрижно како некогаш. Деновите на досада се зад вас. Но, кога ќе погледнете колку се слатки и прекрасни вашите деца и како ви го разубавуваат секој ден, ништо друго веќе не е важно.

7-raboti-koi-majkite-ne-mozat-da-gi-pravat-poradi-decata-3.jpg

Би можело да ве интересира:

Писмо до моето дете: „Ти си мојата сјајна ѕвезда во овој темен универзум“ Мое дете... Ти си моето денес, моето утре и сите мои денови, по утрешниот. Ти си...
Илустрации за родители: Како да се справите со непријатните ситуации со вашите деца? Што да направите кога детето не сака да ги дели играчките или, пак, кога ќе науч...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
Не сака да се дружи со деца, бега од врева - Дали и вие имате високо сензитивно дете? Вашето дете ги покрива ушите и му пречи врева, реагира на сѐ што е ново, ги забе...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg