5 правила за родителите: Што кога детето е сведок на кавга?

Брачните кавгите се неизбежни исто како што е неизбежен фактот детето некогаш ќе чуе или види некоја од нив.

5-pravila-za-roditelite-Sto-koga-deteto-e-svedok-na-kavga-01

Сепак ваквите расправиите на родителите не треба да го исплашат детето и да остават емоционални лузни врз него.

Во некои случаи децата може да научат многу дури и од ваквите, навидум, непријатни ситуации.

Затоа следниот пат кога ќе се најдете во конфликт со партнерот, а вашето дете е во близина, имајте ги на ум следниве работи:

1. Дури и при кавга внимавајте што зборувате

Во никој случај не користете погрдни имиња, не викајте и не се заканувајте еден на друг. Вашиот брак често ќе биде пример за тоа како детето ќе го замислува својот живот со партнерот во иднина, па лошата слика за животот во заедница може да има големо влијание врз неговиот живот.

2. Избегнувајте теми кои не се соодветни за детските уши

Во некои ситуации дозволено е да се карате пред децата, но сепак постојат теми и расправии кои треба да ги држите настрана од нив. Сексуалниот живот е секако една од темите за која во никој случај не би требало да се објаснувате пред детето.

3. Не се расправајте за работи кои се однесуваат на детето

Можеби нема секогаш да се согласувате околу начинот на воспитување на детето, но за тоа во никој случај не треба да се препирате кога тоа е до вас. Во спротивно ризикувате еден од вас да изгледа навистина злобно и лошо во очите на детето.

4. Погрижете се детето да чуе дека сте го решиле проблемот

Од кавгите на родителите кои завршуваат со позитивен исход детето може да научи како во иднина треба да се однесува кога и самото ќе наиде на проблем. Затоа многу важно е да научи дека и покрај тоа што понекогаш може да се случи неговото мислење да биде различно од мислењето на другите, смирениот разговор и компромисот се правилен начин за решавање на секој проблем.

5. Никогаш не барајте од детето да избира страна

Никогаш не барајте од детето да избира меѓу еден од родителите, дури кога се во прашање и најбезначајните работи.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мојот живот пред децата vs. по децата и зошто не би го менувала за ништо на светот?“ Пред децата, мојата романтична љубов кон партнерот мислев дека е најдлабоката љу...
Писмо до моето дете: „Ти си мојата сјајна ѕвезда во овој темен универзум“ Мое дете... Ти си моето денес, моето утре и сите мои денови, по утрешниот. Ти си...
Бон-тон правила што секој родител треба да му ги каже на своето дете Научете ги децата дека не е во ред да прекинуваат некој додека разговара. Од поч...
Синот ми се загуби во зоолошка во Скопје - совети како најлесно да го најдете детето во толпа Детето ви ја пуштило раката и побегнало, а наместо да дојде кај вас додека избез...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg