Знаци кои покажуваат дека сте послични со вашата мајка отколку што мислите

Иако сите се надеваме дека ќе избегаме од некои особини на родителите, сепак постојат одредени карактеристики кои сигурно ќе ги наследиме.

znaci-koi-pokazhuvaat-deka-ste-poslichni-so-vashata-majka-otkolku-shto-mislite-001.jpg

Дури и ако мислите дека се разликувате од мајка ви во многу нешта, има неколку знаци што укажуваат на тоа дека сте многу послични отколку што мислите.

Како што созреваме, добро би било да ги забележуваме моментите кога ќе кажеме нешто што ќе звучи како да го кажала нашата мајка, или пак, ситуациите во кои ќе изреагираме сосема спротивно од неа.

Ако не сте сигурни колку сте слични со мајка ви, пронајдете го одговорот во продолжение:

Имате слични секојдневни навики

Сличноста прво ќе ја увидите во малите работи: начинот на кој ги диплите алиштата, какво кафе сакате да пиете, дали сакате да јадете пред телевизор и слично. Обрнете внимание и ќе знаете каде сте слични, а каде различни.

Некои работи од животот на вашата мајка се поклопуваат со ваши искуства

Можеби постојат одредени нешта што ѝ се случиле на вашата мајка кога била на ваша возраст, што се многу слични на вашите искуства. Ова најдобро можат да ви го кажат роднините и нејзините блиски пријатели, или самата таа.

Имате слична смисла за хумор

Кога кажувате виц или некоја смешна приказна, забележете дали и вашата мајка би го кажала истото или би се насмеала на истите шеги. Се вели дека децата ја наследуваат оваа карактеристика од мајките.

6-znaci-deka-ste-poslichni-so-majka-vi-otkolku-shto-mislite-02.jpg

Имате слична работна етика

Мајките најчесто ги учат своите деца на истите правила што важат и за нив самите, кога станува збор за учењето, работата и дисциплината. Ако имате слична работна етика, веројатно сте го наследиле тоа од неа.

Вашиот љубовен живот има многу сличности со оној на вашата мајка

Убаво размислете за изборот на партнерите досега и може да пронајдете многу сличности со љубовните врски на мајка ви. Ако вашата мајка во минатото имала насилен партнер или толерирала многу нешта, многу е веројатно дека и вие ќе направите сличен избор. Внимавајте на ова и учете од нејзините грешки.

Другите ви велат дека си личите

Дури и да мислите дека немате заеднички црти на лицето или телото, другите постојано ви потенцираат дека имате ист нос, исти очи и слично. Често не можеме сами да забележиме колку физички сличности имаме со некој.  

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ти си доволна“ – 30 работи што мајката треба да ѝ ги каже на својата ќерка „Никогаш не оди сама по улица ноќе“, „Твое тело – твои правила“, „Вљуби се силно...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
Момче од Кореја (4) го расплака целиот свет, откако кажа зошто мисли дека родителите го мразат „Мајка ми ме мрази, не сака да си игра со мене“ – дете од Јужна Кореа ги освои с...
Илустрации за родители: Како да се справите со непријатните ситуации со вашите деца? Што да направите кога детето не сака да ги дели играчките или, пак, кога ќе науч...
„Не сакам да имам деца – мојата цел е да спијам, да одам во шопинг и да одам на маникир“ „Дали децата се целта во животот и дали ако имате деца нема воопшто да имате вре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg