20 работи кои посакувам некој да ми ги кажеше пред да имам бебе

За повеќето од луѓето животот се менува во оној магичен момент кога првото дете ќе се роди.

20-raboti-koi-posakuvam-nekoj-da-mi-gi-kazese-pred-da-imam-bebe-001.jpg

Без разлика колку и да мислите дека сте подготвени, колку книги и да сте прочитале, на колку курсеви и да сте отишле, колку совети и да сте примениле од постарите и родителите, ништо не може да ве подготви за одговорноста која следува.

Imgur корисник пред неколку дена сподели пост посветен токму на оваа тема, со наслов „работи кои посакувам некој да ми ги кажеше“ и содржи по 10 родителски совети кои, тој како татко, и неговата сопруга како мајка, посакувале да ги откријат порано.

Од гледиште на таткото:

1. Бебињата се екстремно силни.

2. Неверојатно е колку посебен може да биде некој кој е само неколку часа стар.

3. Не си подготвен.

4. Човечкото тело може да биде одвратно прекрасна работа.

5. Како маж, и како татко во исчекување, ќе плачеш. Соочи се со тоа.

6. Постави граници со семејството што поскоро. Да, новите баба и дедо се возбудени, но ова е игра во која ти и мајката сте главни играчи, а останатите треба да ги почитуваат правилата.

7. Ти и твојата партнерка не сте експерти, подгответе се за медицинската сестра да ви објасни колку грешите кога правите нешто.

8. Биди поддршка за мајката. Таа ќе има тешки работи за правење и емоциите ќе ја обземат. Ти си чуварот.

9. Имај трпение. Со партнерката, со бебето и со медицинскиот персонал.

10. Назад на соочување со семејството, разбери дека постојат големи шанси да повредиш нечии чувства. Без сомневање ќе се случи, и ќе мора да се соочат со тоа.

20-raboti-koi-posakuvam-nekoj-da-mi-gi-kazese-pred-da-imam-bebe-1.jpg

Од гледиште на мајката:

1. Не посакувај да дојде крај на бременоста, ќе ти недостасува бременото стомаче.

2. Напнувањето (при породување) не е шега.

3. Слушај ги медицинските сестри, и ако некоја не ти се допаѓа... не се плаши да кажеш.

4. Спиј колку што можеш повеќе кога си бремена, бидејќи кога бебето ќе пристигне, ќе бидеш изморена како што не си била никогаш во животот.

5. Не сите ќе ги мијат рацете пред да го допрат бебето. Кажи им.

6. Во ред е да плачеш. Хормоните ќе те совладаат. Ако ти се плаче – плачи. Направи чекор наназад и фокусирајте се на она што е важно, а важен е моментот.

7. Држи го бебето во раце секој момент кога можеш, бидејќи кога целото семејство е околу тебе сите ќе сакаат да го имаат во свои раце.

8. Откако ќе се породиш ќе бидеш жедна. Многу жедна. Не се плаши да го побараш она што го сакаш.

9. Осигурај се дека знаеш каде има вреќа за повраќање.

10. Откако бебето ќе пристгине - одмарај. Дозволи им на другите да помогнат, ти одмарај.

Извор

Би можело да ве интересира:

Тешко е да живеете во брак кај што сте повеќе мајка отколку сопруга На жената ѝ треба алфа мажјак. Не ѝ треба маж кого ќе го влече наоколу како дете...
40 најиритантни коментари за новите родители (кои веројатно ви ги кажувале и вам) „Пред да се свестиш, веќе ќе тргне во средно училиште“, „Не заборавај да му прав...
„Ти си доволна“ – 30 работи што мајката треба да ѝ ги каже на својата ќерка „Никогаш не оди сама по улица ноќе“, „Твое тело – твои правила“, „Вљуби се силно...
7 работи што ги правам со моето дете, иако сите ме советуваа спротивно Ја земам во раце и ја прегрнувам кога плаче, иако велат дека не треба, бидејќи ќ...
Луѓе постари од 40 години откриваат: „Зошто не зажалив што немам деца?“ „Со партнерот ја имаме целата слобода што ја сакаме. Можеме да патуваме кога сак...
9 причини зошто двегодишните деца се магични, a не неподносливи Децата на 2 години ќе ве сакаат и во најлошите ситуации. Вашиот утрински зд...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg