Постпородилна депресија: Причини и симптоми

Раѓањето дете и неговото одгледување се навистина интензивен и чувствителен период за секоја мајка. Без разлика колку е подготвена мајката за новонастанатата ситуација и колку помош има од другите, овој период нормално е да биде стресен. Поради низата промени во нивното тело и хормоните, но и стресот, многу мајки се соочуваат со постпородилна депресија.

postporodilna-depresija-prichini-i-simptomi-01.jpg

После породувањето, во телото настануваат хормонални промени. Новите мајки се соочуваат со сите очекувани благодети од мајчинството, но за да ги исполнат нивните цели ќе мораат да се соочат и со нивните стравови.

Секојдневната грижа за новороденчето предизвикува сосема нов вид на стрес. Кога на ова ќе го дадете заморот, непроспиените ноќи, промените во начинот на животот, односот со партнерот и останатите членови од семејството, јасно е дека постои можност новата мајка да се соочи и со психички проблеми.

Постпородилната тага е минливо расположение кое се јавува во првите денови после породувањето и трае околу две недели. Во овој период жените се навистина чувствителни и склони кон нагли промени на расположението.

Неретко имаат проблеми со несоница и ослабена концентрација, а често се и незадоволни со себе.

postporodilna-depresija-prichini-i-simptomi-02.jpg

Се претпоставува дека околу 50% од новите мајки доживуваат постпородилна тага. Ова е поблаг проблем и не претставува никаква опасност за здравјето на детето. И покрај одредените тешкотии, мајките во оваа состојба сепак можат да се грижат за своето малечко. Генерално, ова е проблем што може да се надмине релативно лесно со поддршката од семејството.

Но, понекогаш, новите мајки доживуваат интензивни промени во расположението кои се одразуваат во многу области од животот. Одреден број жени запаѓаат во посилен облик на постпородилна депресија.

Постпородилната депресија е нарушување на расположението каде што доминираат симптоми како лошo расположение, депресија и недостаток од интерес. Се појавуваат и други симптоми, односно промени во начинот на размислување, емоциите, однесувањето, а неретко има и физички промени.

Постпородилната депресија најчесто се јавува во првите три месеци по породувањето. Во зависност од симптомите, таа може да бие блага, умерена или тешка.

postporodilna-depresija-prichini-i-simptomi-06.jpg

Покрај основните симптоми на постпородилната депресија, можат да се јават и некои други:

- Често плачење, тага и потиштеност

- Намалена концентрација и проблеми со помнењето

-Неможност за справување со секојдневните проблеми и тешкотии со извршувањето на секојдневните задачи

- Искривен или негативен поглед кон реалноста, сегашноста, но и иднината

- Раздразливост, тешкотии, неволност

- Недостаток од самодоверба, беспомошност

- Чувство на безнадежност или вина

- Недостаток од уживање и интерес за нешта кои поранo причинувале задоволство (вклучувајќи и намалена желба за секс)

- Несоница или претерано спиење

- Значајни промени во апетитот

- Недостаток од или слаба поврзаност со детето, губење интерес за детето, семејството и други активности, чувство на недостаток од љубов кон детето или претерана грижа за детето

- Суицидални мисли, стравови и опсесивни мисли

- Физички проблеми како главоболки, блока во градите, забрзано чукање на срцето и слично

postporodilna-depresija-prichini-i-simptomi-05.jpg

Најчестите ризични фактори за појава на постпородилна депресија се семејна историја со депресија, проблеми со зависности, нарушени емотивни односи со партнерот, неразбирање од околината, лоши социоекономски околности, стресни настани и слично. Со породувањето, во животот на жената настануваат огромни промени кои исто така можат да бидат ризичен фактор за појава на постпородилна депресија.

Се претпоставува дека помалку 20% од жените со овие симптоми бараат професионална помош. На жените им е страв дека ќе бидат осудени, па сите симптоми ги чуваат во себе.

Неретко новите мајки се тешат дека ова е нормална состојба, дека ќе ја надминат, а околината го поддржува ова.

Сепак, депресијата е сериозно нарушување и не треба да се срамите да побарате помош. На овој начин побрзо и полесно ќе се ослободите од негативните симптоми и ќе можете вистински да уживате во мајчинството.

postporodilna-depresija-prichini-i-simptomi-04.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да му помогнете на детето да се навикне да спие само во детската соба? Кога ќе стигнат до одредена возраст, препорачливо е децата да почнат да спијат с...
Синот ми се загуби во зоолошка во Скопје - совети како најлесно да го најдете детето во толпа Детето ви ја пуштило раката и побегнало, а наместо да дојде кај вас додека избез...
Проодување кај детето: Како да го охрабрите и на што да обрнете внимание? Предупредувањата од типот „Внимавај, ќе паднеш!“ се непотребни, бидејќи тре...
Фрази што не треба да му ги кажувате на детето (за да биде среќно кога ќе порасне) Немојте да го нарекувате детето „дебелко“ или „слабичко“ или да користите слични...
Трикови со кои полесно ќе го „преживеете“ одењето на фризер со дете Кога станува збор за детско потстрижување, добро е да посетувате салони кад...
„Мајка ми не трчаше на лекар за секоја ситница, не ѝ паѓаше на памет да ме штити од наставниците“: Р... „Нашите мајки не се плашеа толку за нас. Денес - дои го детето до трето одделени...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg