Спорт
Спортско мавање со снег

sportsko-mavanje-so-sneg-povekjeДодека ние го чекаме првиот снег што како и секоја година сигурно ќе ги изненади надлежните служби, вредните Јапонци веќе го освојуваат...


...светот со нивните натпревари во мавање со снежни топки.

sportsko-mavanje-so-sneg-1

Значи она што сите го правевме како деца и за што секогаш добивавме прекор од возрасните минувачи, во Јапонија се прифати како спорт. Оригиналното име е Yukigassen што во превод е токму „Борба со снежни топки“.

sportsko-mavanje-so-sneg-2

„Утакмицата“ ја играат два тима од по седум играчи на терен со 40 метри должина и 10 метри ширина, со правила стандардизирани од Јапонската јукигасен федерација.

Натпреварот е поделен на три третини од по три минути активна игра со по 1 минута пауза меѓу нив, а секој тим добива по 90 топки за секоја третина. Целта е да се добие противничкото знаменце. За фер и безбедна игра снежните топки се прават со машина.

sportsko-mavanje-so-sneg-3

Топките не смее да се дофрлаат до играчи од ист тим, но може да се дотркалаат по земја или да се дадат рака на рака. Играч кој е погоден од снежна топка излегува од игра, па како дел од одбраната се користат коцки-скривници направени од снег.

sportsko-mavanje-so-sneg-4

Освен истекот на времето една третина може да заврши и поради излегување од игра на сите играчи од еден тим, освојување на туѓото знаменце пред време или вадење на сопственото знаменце, снежната верзија на автогол :)

sportsko-mavanje-so-sneg-5

По 20 години играње во Јапонија овој забавен спорт си најде место и на други континенти, со по некој натпревар во сончевата Австралија(!) и во студената и секогаш расположена за зимски игри Канада. Тие го прифатија со коментар дека по природа јукигасен е канадски во секој поглед.

Таму се подготвуваат и за национален шампионат каде ќе се одредат победниците во машка и женска конкуренција кои потоа со снежни топки ќе ги бранат боите на својата земја на Светското првенство во Јапонија. А штом некој чуден спорт станува популарен, ете ги и Американците да го прифатат.

Нацијата која со потсмев гледа на фудбалот спортува снежни борби во дваесетина сојузни држави!

sportsko-mavanje-so-sneg-7

Не знаеме за вас, но ние уште се трудиме ова да го прифатиме како спорт :)

Па што мислите, ќе се игра ли јукигасен во Македонија?

З.П. | Црнобело

CRNOBELO.com има уште многу интересни содржини:
Фудбалерите на Србија казнетиФудбалерите на Србија казнети...
Репрезентатив- ците на Србија се "фатени на дело" кога пред натпреварот со Германија може да се види конузимираат пиво и пушат цигари. Рускиот по...
Стартува ЕП во РакометСтартува ЕП во Ракомет...
Најдобрите 16 европски репрезентации во женски ракомет од денеска ќе се борат за титулата најдобар на континентот, Европското првенство што до 14...
Кошаркар во невоља (видео)Кошаркар во невоља (видео)...
На еден вообичаен натпревар во давање на кошеви во САД, еден натпреварувач остана да виси на обрачот, откако ја заврши својата работа. ...
Коментари (2)Add Comment
...
напишано од Кире, 08 December 2011
Добро е што ние сега за сега имаме барем пејнтбол smilies/smiley.gif Мада во Србија и карлинг се игра
...
напишано од ..., 08 December 2011
mora japoncite i snegot da go iskoristat

Напиши коментар
помало | поголемо

busy
 


Гледајте онлајн

Слушајте онлајн

Онака

" Иднината им припаѓа на луѓето кои веруваат во убавината на своите соништа. "
Елеонора Рузвелт (1884-1962)