Рација над тимот на Наполи

Тимот на Наполи може да биде новиот скандалозен тим во Италија откако полицијата изврши рација врз клубот. Финансиската полиција направи увид на документите во седиштето на тимот а некои од документите беа земени за понатамошни испитувања за можни местенки во Серија А.

racija-nad-timot-na-napoli

Четворица полицајци, специјализирани во областа на финансиска полиција, специјален оддел во склоп на специјализираниот вооружен оддел за финансиски криминал, денеска скоро четири часа вршеа рација во седиштето на клубот на Наполи по налог на Јавното Обвинителство од Наполи.

Полицијата помина дополнителен час во седиштето на Италијанската Фудбалска Федерација од каде се земени примероци од договорите на играчите со клубовите како и со нивните агенти.

„Денеска финансиската полиција на Италија ги посети седиштата на клубот за да изврши разговори поврзани со судски постапки кои датираат од 2007 година. Деталите за случајот се сè уште непознати“, беше објавено официјалниот сајт на клубот.

„Даваме до знаење дека претставници од клубот како и директорите не се цел на истрагата. Клубот е отворен за соработка за какви и да било прашања во врска со случајот.“

Локалните медиуми се јавија со шпекулациите дека до ваков случај дошло по дојава за евентуални нелегалности при трансфер на одредени играчи во тимот.

Тимот на Наполи е моментално во Ајндховен каде го очекува натпреварот против ПСВ во рамките Лига Европа.

Би можело да ве интересира:

Реакцијата на Дејвид Бекам по голот на Меси + Дали Бекамови се трудат да го освојат Меси преку негов... Викторија ја изнесе Антоанела на вечера, Дејвид ја прегрнува по победата – Дали ...
„За мојот народ“ - Македонецот Горјан Славески е новиот светски шампион во борби без ракавици Македонскиот боксер Горјан Гого Славески е новиот светски шампион во борби без р...
Перо Антиќ се врати во Атланта: Во клубот го пречекаа како ѕвезда, се дружеше со Богдан Богдановиќ „Перо - македонската мамба“, напишаа фановите Перо Антиќ на официјалната Инстагр...
Каратистите на „Макпетрол“ се подготвуваат за претстојното Европско Првенство Македонските карате-репрезентативци, членови на „Макпетрол“, моментно се на едно...
„Не доби црвен картон затоа што е Меси“ – Фудбалерот е хит на Твитер откако се степа на теренот На Меси не му се допаѓа кога ги навредуваат колегите од неговата репрезентација....
Каратистите на „Макпетрол” добитници на два спортски оскари Агенцијата за млади и спорт на свечена церемонија ги избра најдобрите спортисти ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg