Шумахер се повлекува од Формула 1!

Михаел Шумахер одлучи по втор пат да се пензионира од Ф1 на 43 годишна возраст по неуспехот повторно да ја разгори својата Ферари магија во тимот на Мерцедес.

sumaher-se-povlekuva-od-f1

Минатата недела тимот на Мерцедес прогласи дека победникот на 91 трка, освојувачот на 7 титули во Ф1, легендарниот Шумахер, ќе биде заменет со Луис Хамилтон на почетокот на новата сезона.

„Одлучив да се повлечам на крајот на годината иако сеуште сум способен да се натпреварувам против најдобри возачи кои се тука, но некогаш е време да се каже збогум. Овој пат тоа може да биде и засекогаш.“

Во 2006 година Шумахер се пензионираше за прв пат од Ф1 откако освои 5 титули по ред со тимот на Ферари од 2000 година и 2 титули со тимот на Бенетон во 1994 и 1995 година.

Во последните 3 сезони, ветеранот само еднаш се има качено на подиумот, кога освои 3-то место во Валенсија оваа година. Неговата последна победа беше со тимот на Ферари во Кина во 2006 година.

sumaher-se-povlekuva-od-f1-2

Би можело да ве интересира:

Емотивен говор, маица за почит кон Коби Брајант: Новак Ѓоковиќ ја освои рекордната 24-та Гренд слем ... Новак Ѓоковиќ ја освои 24-тата Гренд слем титула во кариерата и моментално е тен...
Шахистите на „Алкалоид“ петти во светот, сребрен медал за Недев на втората табла ШК Алкалоид го освои петтото место на Светското екипно првенство во шах за сенио...
Петар Заборски од „Макпетрол” освои бронза на светската карате лига во Атина Каратистот на „Макпетрол“, Петар Заборски, се закити со бронзено одличје на турн...
Интернационалниот мајстор Тони Лазов го освои шаховскиот турнир „Шах-шех Вавилон Опен“ Шахистот на ШК Алкалоид, ИМ Тони Лазов, освои 8 од можни 9 поени и го освои прво...
Ретки семејни фотки: Новак Ѓоковиќ ја бакнува сопругата и ги прегрнува децата, по историската победа... Новак и Јелена Ѓоковиќ скоро никогаш не позираат со децата во јавност, но го пре...
Единствениот човек што сакал да ги открие деталите за Шумахер се „обесил“ во затвор Во овие 10 години сите обиди да се објават детали за здравствената состојба завр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg