Трикови со кои моделите секогаш изгледаат беспрекорно

Некои плус-сајз модели носат потполнки на рамената за половината да им изгледа послаба. Кои други трикови и тајни моделите ги кријат од јавноста?

trikovi-i-tajni-so-koi-modelite-sekogash-izgledaat-besprekorno-001.jpg

Без разлика дали на модна писта, на настан или на фотосесија, моделите се жени кои секогаш изгледаат совршено.

А, за да го постигнат ова, користат цела низа трикови.

Дел од нив во продолжение:

Моделите за долна облека имаат шминка на целото тело

Телата на моделите треба да изгледаат совршено кога се на ревија за долна облека, па не е ни чудно што имаат шминка на целото тело.

Поранешниот модел Селита Ебанкс во една пригода изјави дека на секоја ревија, само на нејзиниот задник имало „20 слоеви шминка“.

trikovi-i-tajni-so-koi-modelite-sekogash-izgledaat-besprekorno-02.jpg

Некои модели носат потполнки за плус-сајз облека

Модната индустрија не секогаш најмува плус-сајз модели за рекламирање поголема облека.

Поради ова, моделите кои се послаби носат потполнки за да изгледаат добро во плус-сајз облеката.

Оваа практика често е критикувана бидејќи денес во индустријата постојат многу плус-сајз модели.

trikovi-i-tajni-so-koi-modelite-sekogash-izgledaat-besprekorno-03.jpg

Користат капки за очи

За да го намалат црвенилото во очите кога се изморени, моделите честопати користат капки за очи.

trikovi-i-tajni-so-koi-modelite-sekogash-izgledaat-besprekorno-04.jpg

Плус-сајз моделите носат потполнки на рамената

Дури и кога најмуваат плус-сајз модели, некои модни агенции сакаат тие да имаат совршено симетрични тела.

Па, за нивната половина да изгледа послаба и да имаат тело како на песочен часовник, некои носат потполнки на рамената.

trikovi-i-tajni-so-koi-modelite-sekogash-izgledaat-besprekorno-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Брчки, лузни: Славни дами кои не ги кријат своите мали „несовршености“ Од фалтички на вратот до флеки кои се појавуваат со текот на годините по деколте...
14 најголеми трансформации на светските модели низ годините (фото) Ирина Шајк, Наоми Кемпбел, Кејт Мос... Колку се смени ликот на познатите манекен...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
7 работи кои прават да изгледате постаро отколку што сте навистина Темен лак за нокти кој ви ги нагласува несовршеностите на рацете и прстите, обле...
10 навики за нега и убавина на Бразилките поради кои имаат прекрасна кожа и изгледаат помладо Бразилките пијат вода од кокос, не излегуваат од дома без заштитен фактор дури и...
8 бон-тон правила за во лето со кои ќе изгледате како дама Не шетајте по бикини низ градот во којшто се на одмор и избегнувајте силни парфе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg