Колку често може да ја фарбате и бланширате косата без (премногу) да ја оштетите?

Колку често ќе ја фарбате вашата коса многу зависи од тоа каква е вашата основна боја. На пример, ако имате црна или кафеава коса и ако сакате да станете русокоса, најверојатно повеќе ќе ги оштетите влакната отколку ако отстапувате една до две нијанси од вашата природна боја.

kolku-chesto-mozhe-da-ja-farbate-i-blanshirate-kosata-bez-premnogu-da-ja-oshtetite-01.jpg

Понекогаш наједноставниот начин да го трансформирате вашиот изглед е со промена на бојата на косата. Со толку многу трендови кои постојат во денешно време, жените се желни да испробаат нова нијанса или нова техника.

Но, пред да започнете со планирање на вашиот нов стајлинг, добро е да знаете колку често вашата коса може да ја издржи новата боја, без да претрпи големо оштетување.

Во продолжение погледнете неколку совети кои ќе ви помогнат да ја сочувате вашата коса здрава и свежа:

Колку често може да ја фарбате косата?

Колку често ќе ја фарбате вашата коса многу зависи од тоа каква е вашата основна боја. На пример, ако имате црна или кафена коса и ако сакате да станете русокоса, најверојатно повеќе ќе ги оштетите влакната отколку ако отстапувате една до две нијанси од вашата природна боја.

Исто така, треба да имате предвид и колку е оштетена косата. Ако имате минимално оштетување, може да продолжите со почести фарбања, но ако имате големо оштетување, тогаш подобро е да го одложувате фарбањето што е можно подолго.

Иако треба да се имаат предвид повеќе фактори, експертите препорачуваат да чекате четири до шест недели помеѓу секое фарбање, но сепак не заборавајте да го прочитате и внатрешното упатство кое се наоѓа во фарбата која сте ја избрале доколку не одите во салон.

Ако веќе ја имате постигнато нијансата која ви одговара, при фарбањето најдобро фокусирајте се само на коренот.

kolku-chesto-mozhe-da-ja-farbate-i-blanshirate-kosata-bez-premnogu-da-ja-oshtetite-07.jpg

Колку често може да ја бланширате косата?

Идеално, бланширањето на косата не треба да биде повеќе од еднаш на секои три до осум недели.

При целосно бланширање, експертите препорачуваат да почекате додека новиот раст на косата не достигне околу 1,5-2 сантиметри и да нанесете само на коренот.

Ако, пак, се одлучите за прамени, почекајте минимално шест до осум недели, или додека коренот не порасне 2,5 до 3 сантиметри. Ова важи и за користењето техники како балајаж.

kolku-chesto-mozhe-da-ja-farbate-i-blanshirate-kosata-bez-premnogu-da-ja-oshtetite-05.jpg

Како да се грижите за фарбана и бланширана коса?

Едни од знаците дека на вашата коса ѝ треба сериозен третман за подобрување на влакното се следниве:

  • Сувост
  • Кршливост
  • Нееластичност
  • Раздвоени краеви
  • Прекумерно заплеткување

Па, имајќи предвид дека на третираната коса со фарба ѝ треба повеќе влажност, погрижете се да користите квалитетни регенератори, но и третмани за зајакнување на косата кои ќе ви помогнат да добиете посилна и посјајна коса.

Освен ова, не заборавајте да користите и заштитни спрејови од топлина. Пред да ја обликувате со преса за коса или фигаро, нанесете средство за заштита од топлина со цел да спречите дополнително оштетување.

Ако, пак, забележите премногу раздвоени врвови, тогаш потребно е почесто да ги потстрижувате краевите за да добиете поздрав и поблескав изглед.

kolku-chesto-mozhe-da-ja-farbate-i-blanshirate-kosata-bez-premnogu-da-ja-oshtetite-03.jpg

Не заборавајте во периодот од едното до другото фарбање на косата да посветите квалитетно време на вашата коса. Одберете регенератори и маски кои ќе ви помогнат да ги задржите влакната здрави и сјајни.

Доброто и правилно негување по фарбање може да го забрза процесот на обновување на вашата коса, правејќи ја помека, поелегантна и без заплеткувања.

М. Ѓ | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

Зошто косата ви се мрси често и како да се справите со овој проблем? Постојат многу причини за често мрсење на косата – од неправилно миење, до хормо...
Зошто наесен ви паѓа повеќе коса + како да го поттикнете нејзиниот раст? Иако не е позната точната причина, на многу луѓе наесен им паѓа повеќе коса. Иак...
9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...
5 забавни идеи за син маникир, идеален за студените зимски месеци Син маникир што се прелева - Хит оваа сезона е сината боја што ќе се прелев...
Трендови во шминкањето и фризурите кои се вратија од минатото (и преку ноќ станаа повторно ИН) Проѕирен маникир за нокти, темно моливче околу целото око, коса залижана наназад...
Трикови за шминкање кои ќе ви го олеснат животот (а ќе заштедите и пари) Навлажнете ја четкичката со која нанесувате сенка за очи - на овој начин бојата ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg