Трикови за шминкање со кои визуелно ќе го намалите високото чело

Ако сакате да го одвлечете вниманието од вашето чело, тогаш најдобриот трик е да ги нагласите усните. Нанесете светло розов или корален кармин, а притоа запаметете дека другата шминка треба да биде едноставна.

trikovi-za-shminkanje-so-koi-kje-napravite-vasheto-chelo-da-izgleda-pomalo-01.jpg

Благодарение на производите за шминкање, може да ги нагласите вашите природни карактеристики и да го подобрите изгледот.

Но, притоа, со шминката може да експериментирате, играјќи си со цртите на лицето, па така, може да направите вашите тенки усни да изгледаат пополни, да ја добиете посакуваната дебелина на веѓите, да направите вашиот нос да изгледа потенок, но и да направите челото да ви изгледа помало.

Ако сакате визуелно да го намалите високото чело, можеби ќе ви се најдат следниве трикови:

Користете руменило

Користете светла боја на руменило за да го одвлечете вниманието од вашето чело. Може да ставите и малку розова или нијанса на праска по јаболчниците на образите.

Исто така, ефикасен трик е и користењето на светкави производи, затоа што ќе направат светлината да се рефлектира на образите, а со тоа да го привлечете вниманието кон центарот на вашето лице.

trikovi-za-shminkanje-so-koi-kje-napravite-vasheto-chelo-da-izgleda-pomalo-02.jpg

Потемна основа

Контурирањето може да ви помогне да го обликувате вашето лице, но само ако правилно ги комбинирате нијансите.

Изберете мат коректор или подлога, која е пет нијанси потемна од вашата природна боја на кожа. Потоа, почнете да цртате темна линија на врвот на вашето чело, а користете четка со средна големина. Добро размачкајте за контурирањето да изгледа природно, без остри линии.

Потоа дополнете со бронзер за подобар ефект.

trikovi-za-shminkanje-so-koi-kje-napravite-vasheto-chelo-da-izgleda-pomalo-03.jpg

Хајлајтер

Изберете светкав хајлајтер и нанесете го во центарот на челото, точно помеѓу веѓите, па разнесете го нанадвор. Исто така може да го нанесете и на коренот на носот.

Со оваа техника ќе го привлечете вниманието на долниот дел од вашето чело кое нема да изгледа толку високо.

trikovi-za-shminkanje-so-koi-kje-napravite-vasheto-chelo-da-izgleda-pomalo-04.jpg

Потенки образи

Потенките образи ќе ви помогнат да го привлечете вниманието кон центарот на лицето, а со тоа да го оттргнете вниманието од вашето чело.

Користете бронзена пудра која е 3 до 4 нијанси потемна од вашата природна нијанса на кожата.

Нанесете ја во дијагонална линија од центарот на образот, кон увото. Не заборавајте убаво да ја размачкате сè додека не добиете природен изглед без остри линии.

Бронзер

Бронзерот мора да биде мат и најмалку 3 нијанси потемен од природната нијанса на вашата кожа.

Нанесете го на слепоочниците и околу линијата на косата. Повторно, добро размачкајте го.

trikovi-za-shminkanje-so-koi-kje-napravite-vasheto-chelo-da-izgleda-pomalo-06.jpg

Впечатливи очи

Нанесете впечатлива шминка, така што фокусот ќе биде на вашите очи, па ќе го одвлечете вниманието од челото.

Нанесете од омилената шминка или направете ефект на „зачадени очи“, а не заборавајте да користите маскара со која ќе ги истакнете трепките, а можете да ставите и потемен креон за очи.

trikovi-za-shminkanje-so-koi-kje-napravite-vasheto-chelo-da-izgleda-pomalo-07.jpg

Нагласени усни

Ако сакате да го одвлечете вниманието од вашето чело, тогаш најдобриот трик е да ги нагласите усните.

Нанесете светло розов или корален кармин, а притоа запаметете дека другата шминка треба да биде едноставна.

trikovi-za-shminkanje-so-koi-kje-napravite-vasheto-chelo-da-izgleda-pomalo-09.jpg

Изберете правилен облик на веѓи

Веѓите ќе ви помогнат визуелно да го намалите челото, а за таа цел треба да имаат поостар агол.

Внимавајте лакот да биде висок или дебел, за да изгледа дека има повеќе простор помеѓу окото и коската на веѓите.

Покрај овие совети за шминкање, имајте предвид дека во целта да го прикриете големото чело, може да ви помогнат и фризурите.

Можете да пробате фризура на слоеви, боб фризура или, пак, кратки шишки.

М. Ѓ | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

Трикови за шминкање кои ќе ви го олеснат животот (а ќе заштедите и пари) Навлажнете ја четкичката со која нанесувате сенка за очи - на овој начин бојата ...
Како да ја искористите тиквата во рутината за убавина + кои се здравствените придобивки? Пилинг за тело, маска за мрсна кожа, но и маска за педикир - за што сè можете да...
Краставица против црвенило и 7 трикови за убавина за секоја пригода Стапалата на нозете ви се груби, а турпиите и кремовите не ви помагаат? Треба са...
Нагласени очи, многу руменило: Шминката од 1990-тите повторно станува хит (фото) Ако ви се допаѓа впечатливата шминка од 90-тите години на минатиот век, имаме до...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
10 навики за нега и убавина на Бразилките поради кои имаат прекрасна кожа и изгледаат помладо Бразилките пијат вода од кокос, не излегуваат од дома без заштитен фактор дури и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg