Отстранување шминка, подочници – За што сè можете да користите рицинусово масло?

Ја обновува кожата, го стимулира растот на косата, а може да ги намали и брчките - постојат безброј работи за коишто можете да употребите рицинусово масло.

ne-e-samo-za-kosata-za-shto-se-e-korisno-ricinusovoto-maslo-01.jpg

Рицинусовото масло го стимулира создавањето на колаген и еластин и со тоа ја намалува појавата на брчки, поради што е хит во продуктите за зрела кожа. 

Покрај тоа, делува и на намалување на појавата на митесери, но позитивно влијае и на растот на трепките, косата и веѓите.

Исто така, го има и во козметичките производи за раст на ноктите, но и против опаѓање на косата.

Секако, пред да почнете да користите масло на кожата, консултирајте се на дерматолог и прво тестирајте го на мала површина, особено ако имате проблематична кожа.

Во продолжение, уште неколку придобивки од ова масло:

Ја обновува оштетената кожа на петите

На влажна кожа нанесете голема количина од маслото и облечете памучни чорапи.

Ова е најдобро да го направите пред спиење, за маслото да има време да делува.

ne-e-samo-za-kosata-za-shto-se-e-korisno-ricinusovoto-maslo-02.jpg

Негува испукани усни

Едноставно, нанесете капка рицинусово масло на усните и оставете да делува. 

Можете да го користите и како замена за сјај - изгледа одлично поради густината на маслото.

ne-e-samo-za-kosata-za-shto-se-e-korisno-ricinusovoto-maslo-03.jpg

Одлично е за отстранување шминка

Ова чудо од масло се наоѓа во средствата за отстранување шминка, а можете да го измешате со друго масло, како што е сончогледовото и ќе добиете природен производ. 

Наменет е за сите типови кожа, од сува до масна.

ne-e-samo-za-kosata-za-shto-se-e-korisno-ricinusovoto-maslo-04.jpg

Делува како хидратантно средство

Производителите додаваат рицинусово масло во козметиката и производите за лична нега, како што се лосиони, мелеми и кремови.

Сепак, рицинусовото масло може да се користи и самостојно, како хидратантен крем. 

Ако е густо, измешајте го со крем или масло од кокос или од јојоба.

ne-e-samo-za-kosata-za-shto-se-e-korisno-ricinusovoto-maslo-05.jpg

За подочници или ситни брчки

Масните киселини во рицинусовото масло можат да го поттикнат обновувањето на кожата и да ја намалат појавата на лузни од акни и брчки, а можете да го користите под и околу очите за да ги измазните ситните брчки предизвикани од сувоста на кожата и да ја осветлите бојата на подочниците.

ne-e-samo-za-kosata-za-shto-se-e-korisno-ricinusovoto-maslo-06.jpg

С. Ш. | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

Брчки, лузни: Славни дами кои не ги кријат своите мали „несовршености“ Од фалтички на вратот до флеки кои се појавуваат со текот на годините по деколте...
Природни продукти кои ќе ви помогнат да се справите со акните (а веќе ги имате дома) Алое вера, краставица - постојат природни намирници кои можат да ви помогнат во ...
Зошто наесен ви паѓа повеќе коса + како да го поттикнете нејзиниот раст? Иако не е позната точната причина, на многу луѓе наесен им паѓа повеќе коса. Иак...
Зошто косата ви се мрси често и како да се справите со овој проблем? Постојат многу причини за често мрсење на косата – од неправилно миење, до хормо...
10 навики за нега и убавина на Бразилките поради кои имаат прекрасна кожа и изгледаат помладо Бразилките пијат вода од кокос, не излегуваат од дома без заштитен фактор дури и...
Чести грешки со кои несвесно си ја уништувате кожата (и ја зголемувате појавата на брчки) Користите исти продукти во лето и зима, а нанесувате крем со фактор само кога е ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg