Домашен третман против црнки и проширени пори за кој ви треба само белка од јајце

Кога еднаш ќе ја пробате, оваа маска ќе ви стане неделна рутина затоа што ефектот е очигледен уште после првата употреба.

domasen-tretman-protiv-crnki-i-prosireni-pori-01.jpg

Маската делува како лентите за чистење на лицето кои се користат во козметичките салони.

За да го добиете истиот ефект на чисто лице, но во домашни услови, ви треба само едно јајце.

Домашната маска од белка од јајце е препорачлива за оние кои имаат проширени пори кои брзо се покриваат со нечистотии, што подоцна завршува со црни точки кои никој не сака да ги има.

Покрај тоа, ја суши мрсната кожа, го отстранува масниот секрет и влагата и притоа го елиминира сјајот од Т-зоната.

Потребно ви е:

  • 1 јајце
  • Тоалетна хартија или тенки салфети

Подготовка:

Одвојте ги жолчките од белките и изматете ги во посебни садови.

Исчистете го лицето, па премачкајте го со белка.

Преку белките нанесете ја салфетката или хартијата. Ако ви остане белка, можете да премачкате уште еден слој врз хартијата.

Почекајте 20-30 минути, додека целосно не се исуши.

Откако салфетката ќе се стврдне, отстранете ја со лупење.

Со преостанатата жолчка може да го премачкате лицето за хидрирање и омекнување на кожата.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 забавни идеи за син маникир, идеален за студените зимски месеци Син маникир што се прелева - Хит оваа сезона е сината боја што ќе се прелев...
Предлог фризури со панделки: Тренд што ќе им се допадне на елегантните девојки (фото) Фризурите со панделки стануваат мошне популарни, а изгледаат навистина елегантно...
7 работи кои прават да изгледате постаро отколку што сте навистина Темен лак за нокти кој ви ги нагласува несовршеностите на рацете и прстите, обле...
10 најпопуларни женски парфеми во 2023 година Погледнете како изгледа листата од најпосакуваните женски парфеми за 2023 година...
Најубавите трендови за пролетен маникир 2024 (фото) Дискретни цветови, млечни нијанси кои се прелеваат, пастелни бои и многу живост....
Тајните за нега на кожата ги научила од мајка ѝ - Која е рутината за убавина на Лејди Гага? Нејзината шминка понекогаш може да биде екстравагантна и драматичана, но, кога с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg