Ѕвезден поглед, драматични трепки: 7-те пролетни трендови на шминкање

Шминката како неизоставен дел од несесерот на секоја девојка е присутна во нашите животи со неколку добри причини – да ги сокрие уморните подочници, несовршеностите на кожата, но и да нè направи поубави, посвежи, или пак целосно да го трансформира нашиот лик, кога имаме желба за тоа.

Proletni_Make_Up_trendovi_2016.jpg

Уживајќи во пролетната сезона, ова се 7-те трендови за шминкање, кои треба да ги знае секоја обожавателка на декоративната козметика:

Усни во боја на шеќерно јаболко

Сите се сеќаваме на онаа прекрасна црвена боја на шеќерните јаболка.

Оваа пролет, јасно црвената нијанса на усни е во тренд.

Може да одберете бисерен, сјаен или мат финиш на црвениот кармин, сè додека е нанесен на вашите усни со перфектна прецизност.

dzvezden-pogled-elektricno-sini-oci-dramaticni-trepki-7te-proletni-trendovi-na-shminkanje-1.jpg

Електрично сина сенка за очи

Јасно исцртана линија на очниот капак во сина боја за перфекционистите, или smokey техника на нанесување сенка за полежерен изглед.

Нијансите варираат од небесна до потемна морнарска сина, а може да вклучите и светки за поголема драматичност.

Во секој случај, ова е шминка за храбри девојки, кои не се плашат да експериментираат.

dzvezden-pogled-elektricno-sini-oci-dramaticni-trepki-7te-proletni-trendovi-na-shminkanje-2.jpg

Бронзена божица

Изглед кој алудира на бесконечна летна сезона.

Земјени тонови во комбинација со бронзер или руменило во нежна златеста нијанса, кои особено ги истакнуваат јаболчниците. Усните остануваат во неутрални или пастелни тонови.

Тенот на лицето треба да е благо потемнет, но да делува суптилно, нежно и природно, не како да сте излегле од двонеделна посета на солариум.

dzvezden-pogled-elektricno-sini-oci-dramaticni-trepki-7te-proletni-trendovi-na-shminkanje-3.jpg

Драматични трепки

Истакнете ги очите со двојно или тројно повеќе маската отколку вообичаено. Повештите може да употребат пар вештачки трепки со интересен дизајн. Оваа пролет, маскарата во боја е повеќе од добредојдена, исто така нанесена во повеќе слоеви.

dzvezden-pogled-elektricno-sini-oci-dramaticni-trepki-7te-proletni-trendovi-na-shminkanje-4.jpg

Темни усни како шумско овошје

Кој вели дека темните нијанси на усни се резревирани само за зимските денови?

Трендот на истакнати усни во боја на црвено вино или шумско овошје, продолжува и оваа пролет. За секси изглед и усни кои искажуваат јасен став, комбинирајте ги овие „тешки“ нијанси со неутрални очи, односно малку маскара.

dzvezden-pogled-elektricno-sini-oci-dramaticni-trepki-7te-proletni-trendovi-na-shminkanje-5.jpg

Бои на зајдисонце

Раскошно изобилство од пастелни тонови, со послаб и посилен интензитет. Нежно розова или посмела корална нијанса, тонови на праска и светол карамел треба да доловат неутрален, скоро проѕирен изглед на вашето лице.

dzvezden-pogled-elektricno-sini-oci-dramaticni-trepki-7te-proletni-trendovi-na-shminkanje-6.jpg

Ѕвезден поглед

Конечно имаме целосна слобода да ги обоиме очните капаци со светки за очи во омилената боја. Скоро и да не постојат ограничувања, бидејќи нијансите се движат од сребрена, темно сина, до боја на старо злато или силни корални тонови.

Можете да употребите поголема количина светки, прекривајќи голем дел од очниот капак или пак да исцртате перфектна суптилна линија веднаш над него.

dzvezden-pogled-elektricno-sini-oci-dramaticni-trepki-7te-proletni-trendovi-na-shminkanje-7.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Шатуш – тренд за боење на косата, наменет за сите што сакаат природен изглед По омбре и балајаж, во тренд е нова техника на боење на косата – наречена шатуш,...
Фото-докази: Како нагласените усни или очи целосно го менуваат ликот? Скарлет Јохансон, Ирина Шајк и Ева Лонгорија се дел од познатите дами кои изглед...
9 (ризични) фризури кои не им стојат добро на сите Многу кратката боб фризура ќе треба постојано да ја стилизирате, а и се чини дек...
14 најголеми трансформации на светските модели низ годините (фото) Ирина Шајк, Наоми Кемпбел, Кејт Мос... Колку се смени ликот на познатите манекен...
Од девојче во дама - 12 примери како шминката целосно го трансформира ликот Колку се разликува вашето лице кога ќе се нашминкате сами, наспроти шминката што...
Три типа на шишки кои ќе ве подмладат по 40-тата година Многу жени се плашат да носат шишки, бидејќи мислат дека нема да можат да ги „од...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg