6-те најголеми тајни за фотошопираните фотки на Victoria's Secret ангелите

Не е новост дека уредувањето фотографии, оригинално наменето за подобрување на квалитетот на фотографијата, сега се користи за прилагодување на сето она што може да се подобри на човечкото тело.

6-te-najgolemi-tajni-za-fotosopiranite-fotki-na-victorias-secret-angelite-01.jpg

Иако одново и одново магазините и рекламите се осудувани поради прекумерната употреба на Фотошоп на одредени делови на телото, има и работи за кои ни вие не би претпоставиле дека се фотошопирани.

Една жена која работи со Фотошоп и живее од уредувањето фотографии за познати брендови, поточно за Victoria's Secret, кажува што всушност се случува во индустријата и што сѐ е потребно за крајниот продукт.

Ова се 6-те најголеми тајни:

tajnite-na-fotosop-vistinata-za-viktorija-sikret-manekenkite-01

1. Уште пред да почнат со сликање, долната облека и костимите за капење се полни со додатоци

„Костимот/градникот е толку тежок што не можете да го кренете бидејќи има внатре е наполнет со толку многу додатоци.“


2. Манекенките носат градници под костимот за капење за да имаат подобро деколте за време на фотосесијата

„Го отстрануваме градникот од фотографијата па затоа градите на моделот изгледаат како да лебдат во костим без прерамки“

tajnite-na-fotosop-vistinata-za-viktorija-sikret-manekenkite-02

3. Брендовите ги отстрануваат брадавиците и ги уредуваат градите

„Честопати ми бараа да ги направам градите позаоблени, повисоки, совршено симетрични и секако, поголеми – бидејќи сите манекенки имаат гради кои ги собира во А-корпа“


4. Ги отстрануваат и влакната на телото

„Најголем дел од манекенките не се ни средуваат соодветно бидејќи знаат дека сите влакна подоцна ќе бидат отстранети. Тие доаѓаат на фотосесија застануваат во класичната поза за на плажа и гледате дека и нив им растат влакненца како на секоја жена. И сите имаат поткожни влакна, само ние ги отстрануваме.“

tajnite-na-fotosop-vistinata-za-viktorija-sikret-manekenkite-03

5. Но, за чудо не ги прават послаби

„Всушност ги правиме позаоблени и ги омекнуваме деловите каде се гледаат коски.“ На прашањето зошто едноставно не ангажираат позаоблени модели одговорот е дека брендовите пробале, но клиентелата не го прифатила тоа.


6. Менуваат делови од телото

Жената вели дека е често барање брендот да сака рацете на манекенката да бидат заменети со нечии други, иако во најголем процент го прават ова за да ја поправат позата, отколку мускулестите раце или нешто слично.

6-te-najgolemi-tajni-za-fotosopiranite-fotki-na-victorias-secret-angelite-02.jpg

Сигурно се чувствувате ужасно сега кога ја знаете вистината, но факт е дека треба да се чувствувате подобро. Ништо и никој не е реален и копнежот да личите на Викторија Сикрет манекенка ви е залуден – бидејќи дури ни самите тие не изгледаат како на фотографиите. 

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 работи кои прават да изгледате постаро отколку што сте навистина Темен лак за нокти кој ви ги нагласува несовршеностите на рацете и прстите, обле...
Како да познаете дали продуктите за убавина се безбедни за користење или им поминал рокот? Ако не сте сигурни кога сте отвориле некој продукт за убавина, обрнете внимание ...
Широки колкови, дупка меѓу забите: Стандардите за убавина на жените низ земјите во светот Во Јапонија жената е привлечна ако има светол тен и ситни очи, во Доминиканската...
Трикови со кои моделите секогаш изгледаат беспрекорно Некои плус-сајз модели носат потполнки на рамената за половината да им изгледа п...
Како да ја намалите појавата на брчки помеѓу градите? Спиењето на грб е најдобриот начин да ја избегнете раната појава на брчки помеѓу...
8 работи што ги правиме од учтивост во салон за нокти, но ги иритираат козметичарките „Многупати клиентките се мрдаат во положба што мислат дека е од помош, но всушно...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg