10 трикови како наутро да се разбудите со средена коса

Дали и вие сте дел од луѓето кои мислат дека будењето наутро со совршена фризура е целосно невозможно и може да се види само на филмовите?

10-trikovi-kako-nautro-da-se-razbudite-so-sredena-kosa-2-01.jpg

За среќа не сте во право. Навистина е возможно да се разбудите наутро со совршена фризура само треба да знаете неколку мали трикови кои ќе ви помогнат во тоа.

Сепак ред да ви ги откриеме овие трикови да повториме неколку основни правила:

  • Никогаш не си легнуваjте со мокра коса бидејќи така влакната стануваат многу покршливи.
  • Ако користите фен, секогаш сушете ја косата со ладен воздух. Тоа ќе ви помогне да го намалите нејзиното заплеткување. Никогаш не ја сушете косата целосно со фен, секогаш оставете ја малку влажна за да не добиете премногу сува коса.
  • Чешлајте ја косата секоја вечер пред легнување.
  • Водете постојанa грижа за вашата коса.

1. Сплете ја косата во плетенка пред да си легнете

На овој начин ќе се ослободите од заплеткувањето и статичкиот електрицитет од чаршавите. Сепак правете го тоа само кога косата е целосно сува.

10-trikovi-kako-nautro-da-se-razbudite-so-sovrsena-frizura-01

2. Нанесете неколку капки кокосово масло

Неколку капки кокосово масло на врвовите од косата ќе ви помогнат да го елиминирате статичкиот електрицитет и ќе направат вашата коса да блеска. Важно е да користите мала количина масло и да не го нанесувате на скалпот.

10-trikovi-kako-nautro-da-se-razbudite-so-sovrsena-frizura-02

3. Инвестирајте во свилени навлаки за перници

Спиењето на чаршави и перници од свила и сатен го намалува триењето што предизвикува кршење на косата, раздвојување на краевите и опаѓање.

10-trikovi-kako-nautro-da-se-razbudite-so-sovrsena-frizura-03

4. Нанесете гел од алое вера пред спиење

Измешајте малку алое вера со минерална вода и подготвената смеса ставете ја во шишенце со прскалка. Нанесете го пред спиење и за кратко време ќе забележите како вашата коса ја враќа природната влажност а го нема електростатичкиот ефект. 

10-trikovi-kako-nautro-da-se-razbudite-so-sovrsena-frizura-04

5. Нанесете лосион за тело

Капка до две лосион за тело можат да ѝ ја дадат потребната влажност а вашата коса додека спиете. Нанесете на краевите и убаво расчешлајте.

10-trikovi-kako-nautro-da-se-razbudite-so-sovrsena-frizura-05

6. Направете пунџа

Ако имате долга коса, направете пунџа наместо плетенка. Најпрвин направете лабаво опавче а потоа соберете ја косата во висока пунџа. Следниот ден ќе имате прекрасна брановидна и сјајна коса.

10-trikovi-kako-nautro-da-se-razbudite-so-sovrsena-frizura-06

7. Користете бебешки производи за нега

Производите за нега на бебиња како масла и спрејови за раздвојување на косата се многу понежни од истите такви производи наменети за возрасни. Затоа мијте ја косата со бебешки шампон и нанесете малку бебешко масло на краевите пред да одите на спиење.

10-trikovi-kako-nautro-da-se-razbudite-so-sovrsena-frizura-07

8. Користете бебешка пудра за да се разбудите со брановидна коса

Доколку сакате да се разбудите со брановидна коса нанесете бебешка пудра на корените и ослободете се од масната коса. Селете ја косата во плетенка и следното утро ќе ја имате позната холивудска брановидна фризура.

10-trikovi-kako-nautro-da-se-razbudite-so-sovrsena-frizura-08

9. Искористете ги старите хулахопки

Исчешлајте ја косата и врзете ја во пунџа, а потоа искористете ги старите хулахопки како капа за спиење која ќе ви помогне да се ослободите од статичкиот електрицитет засекогаш.

10-trikovi-kako-nautro-da-se-razbudite-so-sovrsena-frizura-09

10. Користете пластични додатоци за коса

Пластичните додатоци за коса се најдобрата опција кога станува збор за контролирање на косата, особено навечер. Заборавете на металните додатоци бидејќи тие лесно да кршат косата додека спиете.

10-trikovi-kako-nautro-da-se-razbudite-so-sovrsena-frizura-10

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Трикови за шминкање кои ќе ви го олеснат животот (а ќе заштедите и пари) Навлажнете ја четкичката со која нанесувате сенка за очи - на овој начин бојата ...
Зошто косата ви се мрси често и како да се справите со овој проблем? Постојат многу причини за често мрсење на косата – од неправилно миење, до хормо...
Зошто наесен ви паѓа повеќе коса + како да го поттикнете нејзиниот раст? Иако не е позната точната причина, на многу луѓе наесен им паѓа повеќе коса. Иак...
18 тренди фризури за кратка коса според обликот на вашето лице Дали имате овално, тркалезно или лице во форма на срце? Според формата на лицето...
9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...
Идеи за фризури со кои ќе ја скриете мрсната коса (ако немате време да ја миете) Опавче со повеќе стегачи, елегантна пунџа, плетенки - постојат многу фризури кои...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg