Девојка со екстремно темна кожа која била предмет за исмевање, сега ги освојува симпатиите

Коудија Диоп е 19-годишна девојка со неверојатно темен пигмент, заради кој во минатото била предмет за исмевање.

devojka-so-ekstremno-temna-koza-koja-bila-predmet-na-ismevanje-sega-gi-osvojuva-simpatiite-001.jpg

„Постојано ме задеваа додека растев, заради бојата на кожата. Па дури и денес луѓето коментираат, без оглед дали тоа е во лице или на социјалните мрежи,“ вели прекрасната тинејџерка која моментално се издигнува во светот на модата.

„Како што растев, сфаќав дека никој нема да ме сака ако јас не се сакам, и почнав да не им обрнувам внимание на негативните луѓе.“

Откако Коудија решила да се занимава со моделинг уште на 17 години, социјалните мрежи се преплавени со нејзините фантастични фотки.

На Инстаграм има над 235.000 следбеници и се обидува да им помогне на сите луѓе низ светот да научат да ги обожаваат своите различности.

„Ако си доволно среќен да бидеш различен, никогаш немој да се менуваш“ е нејзиното мото.

Не можеме, а да не се согласиме.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Природни продукти кои ќе ви помогнат да се справите со акните (а веќе ги имате дома) Алое вера, краставица - постојат природни намирници кои можат да ви помогнат во ...
Хит видео: Поправете ги скршените руменила и сенки за очи со само 1 состојка која (најверојатно) ја ... На сите девојки барем еднаш им се случило да им се скрши руменилото или сенката ...
8 бон-тон правила за во лето со кои ќе изгледате како дама Не шетајте по бикини низ градот во којшто се на одмор и избегнувајте силни парфе...
14 најголеми трансформации на светските модели низ годините (фото) Ирина Шајк, Наоми Кемпбел, Кејт Мос... Колку се смени ликот на познатите манекен...
Широки колкови, дупка меѓу забите: Стандардите за убавина на жените низ земјите во светот Во Јапонија жената е привлечна ако има светол тен и ситни очи, во Доминиканската...
Шминкерски трик за суптилен изглед на руменилото е хит на социјалните мрежи – Знаете ли што е „Dewy ... Овој трик ќе ви помогне да блескате однатре, според светски познатата шминкерка ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg