Eucerin ELASTICITY+FILLER - последен научен новитет за нега на кожата

За ефективна нега на возрасната кожа по 50-тата година

eucerin-elasticity-plus-filler-posleden-naucen-novitet-za-nega-na-kozata-3.jpg

Еуцерин ја дополни колекцијата за нега на возрасна кожа со производите Eucerin ELASTICITY+FILLER. “Одделот за истражување и развој на Еуцерин постојано работи на унапредување на технологијата за борба против стареење на кожата и своите иновации овој пат ги имплементира во новата линија за нега на возрасна кожа Elasticity+Filler, која се состои од дневна, ноќна крема и масло за нега на кожа на лице, врат и деколте, наменети за нега на возрасна кожа после 50тата година”, изјави пред претставниците од медиумите д-р Соња Петрушеска, стручен медицински соработник на Баерсдорф за Македонија.

После 50-тата година, освен постепеното истенчување на кожата заради намалената количина на еластин, колаген, масно ткиво и др.градбени состојки, доаѓа и до видно намалување на активноста на лојните жлезди, намалување на имунитетот и отпорноста кон УВ-те зраци, нарушување на микроциркулацијата на кожата. Резултат на тоа е посува и помалку еластична кожа на која брчките се сѐ подлабоки и која постепено го губи и природниот здрав сјај. Кај дел од луѓето како последица на претходно наведените промени на кожата, се јавува и видливо црвенило во предел на лицето. Потребите од негата на оваа кожа секако се големи. Производите од новата линија на Еуцерин – Elasticity+Filler се адаптирани за соодветна нега за кожа на оваа возраст. Со оваа нега ќе делуваме на враќањето на сјајот и убавиот тен на кожата, на еластичноста и тонусот на кожата и намалувањето на брчките”, додаде д-р Петрушеска.

eucerin-elasticity-plus-filler-posleden-naucen-novitet-za-nega-na-kozata-1.jpg

Станува збор за производи кои имаат уникатна комбинација на активни состојки. Хијалуронската киселина видно и брзо ги пополнува брчките, арктиинот делува стимулативно на синтезата на колаген во кожата со што го враќа тонусот на кожата, а силимаринот ја подобрува микроциркулацијата и води кон подобра еластичност и сјај на кожата, а се намалува и црвенилото на лицето кое е резултат на зголемената чувствителност на кожата кон УВ-те зраци заради истенченост на кожата. Освен овие 3 активни состојки, во производите од линијата Elasticity+Filler има и арганово масло кое ја потхранува кожата во текот на ноќта. Тоа заедно со витаминот Е делува антиоксидантно, борејќи се ефикасно со слободните радикалите кои ја оштетуваат кожата. Elasticity+Filler кремот за дневна нега исто така, содржи и SPF15 со УВ филтер за дополнителна заштита од сончевите зраци, кои ги продлабочуваат брчките и го забрзуваат процесот на стареење на кожата.

eucerin-elasticity-plus-filler-posleden-naucen-novitet-za-nega-na-kozata-2.jpg

Бројните клинички студии ја докажуваат ефикасноста на Elasticity+Filler производите во борбата против знаците на стареење и целосно ги задоволуваат потребите за нега на возрасната кожа. Затоа, искористете ги последните новитети од науката и уживајте во својата кожа.

Би можело да ве интересира:

Природни продукти кои ќе ви помогнат да се справите со акните (а веќе ги имате дома) Алое вера, краставица - постојат природни намирници кои можат да ви помогнат во ...
Чести грешки со кои несвесно си ја уништувате кожата (и ја зголемувате појавата на брчки) Користите исти продукти во лето и зима, а нанесувате крем со фактор само кога е ...
Чај од бел трн, кефир: Како кожата на Марго Роби изгледа беспрекорно во новиот филм „Barbie“? Експертот за здравје кој соработувал со Марго Роби за време на снимањето на Barb...
10 навики за нега и убавина на Бразилките поради кои имаат прекрасна кожа и изгледаат помладо Бразилките пијат вода од кокос, не излегуваат од дома без заштитен фактор дури и...
12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Како да ја искористите тиквата во рутината за убавина + кои се здравствените придобивки? Пилинг за тело, маска за мрсна кожа, но и маска за педикир - за што сè можете да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg