Од што се откажала Алиша Кис за да има беспрекорно чиста кожа?

На почетокот сите мислеа дека се работи за краткотрајна одлука, но се чини дека ставот на Алиша Кис да не носи никогаш повеќе шминка е доживотен избор.

Alisha-Kis-otkriva-koe-e-edinstvenoto-nesto-od-koe-se-otkazala-za-besprekorno-cista-kozza-01.jpg

Пејачката откри дека чувствувала огромен притисок поради утврдениот шаблон дека секоја позната личност мора да изгледа совршено. Нанесувањето шминка понекогаш траело со часови, и конечно Алиша им кажа стоп на сите декоративни продукти за убавина.

Сега таа гордо се појавува во јавноста без грам шминка покажувајќи ја својата природна убавина, но како и сите нормални луѓе и таа имала бројни недостатоци кога се работи за кожата на лицето.

„Ми требаше цела вечност да ја доведам кожата во оваа состојба каква што е денес. Знам какво е чувството да се има лице полно со акни и флеки“, изјавува таа.

Alisha-Kis-otkriva-koe-e-edinstvenoto-nesto-od-koe-se-otkazala-za-besprekorno-cista-kozza-02.jpg

Со цел да се ослободи од нив, единственото специфично нешто кое го тргнала од исхраната биле млечните производи.

„Полека ги елиминирав сите млечни производи и наместо тоа започнав многу повеќе да пијам вода, што направи огромна разлика врз мојата кожа“.

Истражувањата покажуваат дека млечните производи се директно поврзани со избивањето на акните, па доколку сакате здрава, сјајна и свилена кожа како на Алиша, отстранете ги од списокот на намирници.

Лоша вест за сите љубители на сирење, кашкавал и млеко, но нешто мора да се жртвува за убавина, зарем не?

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

13 работи (во изгледот) од кои ниту една жена не треба да се срами Влакненца како „мов“ на брадата и надусниците е само една од работите за кои сов...
Природни продукти кои ќе ви помогнат да се справите со акните (а веќе ги имате дома) Алое вера, краставица - постојат природни намирници кои можат да ви помогнат во ...
Чести грешки со кои несвесно си ја уништувате кожата (и ја зголемувате појавата на брчки) Користите исти продукти во лето и зима, а нанесувате крем со фактор само кога е ...
Чај од бел трн, кефир: Како кожата на Марго Роби изгледа беспрекорно во новиот филм „Barbie“? Експертот за здравје кој соработувал со Марго Роби за време на снимањето на Barb...
10 навики за нега и убавина на Бразилките поради кои имаат прекрасна кожа и изгледаат помладо Бразилките пијат вода од кокос, не излегуваат од дома без заштитен фактор дури и...
12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg