Како да нанесете туш за очи, според обликот на окото?

Очите се главното оружје на многу жени особено кога е во прашање заводливиот поглед.

kako-da-nanesete-tus-za-oci-spored-oblikot-na-okoto-001.jpg

Меѓутоа различниот облик на секое око бара соодветна шминка, па често сакајќи да изгледаме поубаво се случува да добиеме сосема спротивен ефект.

Следните примери ќе ви покажат каков лак треба да направите во зависното од формата на вашите очи.

Очи во форма на бадем

Ова форма се карактеризира со тоа што и надворешниот и внатрешниот агол на окото се на исто ниво.

За да ги истакнете очите исцртајте тенка линија од внатрешниот агол до надворешниот. На тој начин очите визуелно се прошируваат и стануваат позабележливи.

Kakov-lak-da-izberete-spored-formata-na-okoto-01

Спуштени капаци

Ова се очите каде над горниот капак е делумно затскриен од кожа, па окото изгледа помало.

За да ги истакнете очите повлечете дебела линија, од централниот дел до трепките. Колку е потемно моливчето за очи, толку подобро.

Kakov-lak-da-izberete-spored-formata-na-okoto-02

Широко поставени очи

Ако растојанието меѓу очите е поголемо од нивната должина тогаш припаѓате во оваа група.

За визуелно да го намалите ваквото растојание, повлечете линија од средината кон надворешниот агол и на долниот капак и целосна линија на горниот капак.

Kakov-lak-da-izberete-spored-formata-na-okoto-03

Големи очи

Кај големите (тркалезни) и доволно експресивни очи треба да постигнете ефект на издолжување.

За да го направите тоа, продолжете го лакот малку понатаму од делот каде завршува надворешниот агол. „Зачадените“ очи се одлични за да го постигнете овој ефект.

Kakov-lak-da-izberete-spored-formata-na-okoto-04

Издолжени очи

Издолжените очи се сметаат за неверојатно секси, но важно е да внимавате при исцртувањето на лакот кај оваа форма за да не ги направите уште потесни. 

Прво нанесете бело моливче на внатрешниот дел од очниот капак, а потоа исцртајте тенка линија на горниот дел.

Kakov-lak-da-izberete-spored-formata-na-okoto-05

Блиску поставени очи

Блиску поставени очи се оние каде растојанието меѓу нив е помало од нивната должина. Главната задача во овој случај е да се постигне визуелно поголема отвореност.

За да го направите ова треба да направите премин од светли кон темни нијанси на надворешниот агол. Започнете го лакот од самиот внатрешен агол и издолжете го подалеку од надворешниот агол, благо закривувајќи го нагоре.

Kakov-lak-da-izberete-spored-formata-na-okoto-06

М. С. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

5 совети како да ги нашминкате ситните очи (за да ги зголемите визуелно) Тенка линија со тушот, светла сенка или коректор на внатрешната страна на окото ...
10 правила за беспрекорен маникир со гел лак (кој ќе ви трае подолго) Откако ќе направите маникир на ноктите не ги ставајте рацете под жешка вода први...
Трикови за шминкање кои ќе ви го олеснат животот (а ќе заштедите и пари) Навлажнете ја четкичката со која нанесувате сенка за очи - на овој начин бојата ...
Нагласени очи, многу руменило: Шминката од 1990-тите повторно станува хит (фото) Ако ви се допаѓа впечатливата шминка од 90-тите години на минатиот век, имаме до...
Краставица против црвенило и 7 трикови за убавина за секоја пригода Стапалата на нозете ви се груби, а турпиите и кремовите не ви помагаат? Треба са...
Трикови со кои холивудските дами ги кријат белите влакна без да ја фарбаат косата (а можете да ги ко... Волуменозни фризури, украси за коса, плетенки околу целата глава - холивудските ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg