5 митови за убавината во кои не треба да верувате повеќе

Дали некогаш сте се нашле во дилема кога се во прашање советите за убавина, не знаејќи притоа дали станува збор за заблуда или вистина?

5-mitovi-za-ubavinata-vo-koi-ne-treba-da-veruvate-povekje-1.jpg

Сигурно да. Но, не сте единствените. Постојано сме опсипани со бројни корисни совети, тајни и трикови за убавиот изглед, но мнозинството од нив се само обични митови.

Во продолжение, ви ги откриваме петте најголеми заблуди за убавината, во кои треба да престанете да верувате уште веднаш:

1. Премногу балсам може да ја оштети кожата

Вистина: Ова не е точно, бидејќи никогаш не може да нанесете „премногу балсам“. До оваа заблуда најверојатно дошло затоа што жените користеле регенератор кој не соодветствува на нивниот тип на коса. Една од причините може да биде и тоа што не го нанесувале балсамот правилно.

Оваа и претходно споменатата грешка доведуваат до тоа косата да биде масна или безживотна, што луѓето најчесто го поврзуваат со прекумерна употреба на регенератор.

5-mitovi-za-ubavinata-vo-koi-ne-treba-da-veruvate-povekje-2.jpg

2. Поради кремата со заштитен фактор, не можеме да поцрниме

Вистина: Потемна боја на кожата ќе добиете во секој случај, без оглед на тоа дали користите крема со заштита 10 или 25, но затоа со кремата која има појак заштитен фактор подобро ќе ја заштитите кожата од изгореници, создавање брчки и брзо стареење.

Препораката на лекарите е да се заштитите што подобро, бидејќи користа е повеќекратна. Благодарение на заштитниот фактор, не само што бојата  ќе трае подолго, туку и вашата кожа ќе изгледа поздраво и помладо, а за заштитата од рак на кожата и брчки и да не збориме!  

5-mitovi-za-ubavinata-vo-koi-ne-treba-da-veruvate-povekje-3.jpg

3. Кожата мора да дише

Вистина: Во суштина, кожата нема потреба да „дише“. Преку крвните садови, таа е сосема доволно снабдена со кислородот што го вдишуваме.

Технички гледано, кожата „издишува“ кога ја исфрла потта. Значи, ако на лицето имате тенок слој течна пудра, а надвор е многу топло, вашата кожа можеби ќе има проблем да ја исфрли потта. Меѓутоа, сосема е сигурно дека таа нема да страда поради недостаток од кислород.

5-mitovi-za-ubavinata-vo-koi-ne-treba-da-veruvate-povekje-4.jpg

4. Бричењето ја зголемува дебелината и густината на влакната, а депилацијата ги смалува и проретчува

Вистина: Да е така, бричењето одамна би го исфрлиле од употреба, зар не? Главната разлика е во тоа што при бричењето, влакното го пресекуваме точно на она место каде излегло од кожата. Поради тоа, останува подебел и тапо исечен крај, па кога влакната ќе почнат да растат над кожата, ги чувствуваме груби и остри на допир.

При депилацијата, пак, влакното се отстранува од корен. На тоа место се појавува ново влакно, кое на допир делува како потенко и помеко. Меѓутоа, доколку ги оставите да пораснат, во обата случаи ќе бидат со иста дебелина, ширина и должина.  

5-mitovi-za-ubavinata-vo-koi-ne-treba-da-veruvate-povekje-5.jpg

5. Можете да станете зависник од балсам за усни

Вистина: Темата за која со децении се зборува, а која и ден денес е актуелна. По сè изгледа, навистина постои можност да станете зависни од балсамот за усни, односно потребата да имате постојано влажни усни. Кожата на усните е тенка и нема ист број на жлезди кои произведуваат маснотија како лицето, поради што и полесно се сушат.  

Меѓутоа, доколку постојано ги прекривате со слој од балсам, произведен од петрохемикалии, тие многу лесно може да ја изгубат моќта која ја имале, а тоа е сами да произведуваат природен навлажнувачки фактор, што ги прави меки и влажни.

Затоа, се препорачува да користите балсами кои се изработени од природни восоци и со растителни навлажнувачи. Тоа може да се провери со читање на декларацијата. Воедно, применувајте ги само кога е навистина потребно.

5-mitovi-za-ubavinata-vo-koi-ne-treba-da-veruvate-povekje-6.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Тура на убавина: Жените некогаш vs. денес во Македонија и уште 11 земји во светот (втор дел) Од Македонија и Молдавија, до Словенија и Египет... колку се менувала убавината ...
Елена Стојановска за стилот и убавината: „Не внимавам на исхраната, од вежбање се откажувам по 2-3 н... „Не е за фалење, ама долго време немав никаква рутина за лицето, безгрижно се со...
Митови за нега на кожа што често се споделуваат на Инстаграм и ТикТок, според дерматолог Витаминот Е не ги отстранува сите лузни, а пиењето вода нема да ви го реши пробл...
Идеи за нежен маникир кои покажуваат дека убавината е во едноставноста Овие идеи ќе ве убедат дека сепак „помалку е повеќе“, а сигурно ќе ве инспирираа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg