Како да се негува возрасната кожa?

Кожата е најголемиот орган на нашето тело кој ги заштитува сите органи од нашето тело. Таа е првата одбранбена линија која нѐ заштитува од влијанијата на надворешната средина, орган преку кој ја чувствуваме околината, топлите прегратки, првиот бакнеж...

kako-da-se-neguva-vozrasnata-kozha-1.jpg

Импресивна е и скромноста на кожата колку е таа толерантна, но и колку е благодарна кога соодветно ја негуваме. Но, често се прашуваме какви се потребите за нега на нашата кожа? Еве ги советите од Eucerin за нега на возрасна кожа после пубертет...

- По 18-тата година човековиот организам е во полна регенеративна моќ и за нега на кожата е потребна само интензивна хидратација која ќе ја одржи кожата еластична и без брчки. За оваа возраст ви ги советуваме производите од AQUAporin ACTIVE линијата.  

kako-da-se-neguva-vozrasnata-kozha-3.jpg

- По 25-тата година на нашата кожа почнува да ѝ недостасува енергија. Дополнителна енергија ќе ѝ додадеме преку нега со производите кои содржат коензим Q10 кој е сличен на витамините и се бори со првите брчки и фините линии на кожата.

kako-da-se-neguva-vozrasnata-kozha-4.jpg

- По 30-35-тата година се појавуваат првите посериозни брчки, бидејќи моќта на кожата да создава хијалуронска киселина полека се намалува. Во овој период потребна е нега со производи кои содржат хијалуронска киселина, кои ќе ја хидрираат кожата и ќе се борат против појавата на брчки или веќепостоечките брчки. Eucerin Hyaluron-Filler производите ќе ги задоволат потребите за нега на кожата по 30-тата година.

kako-da-se-neguva-vozrasnata-kozha-2.jpg

- По 40-45-тата година постепено брчките се продлабочуваат, тонусот и волуменот на кожата се намалуваат и тоа води кон промена на контурите на лицето. Само хијалуронска киселина веќе не е доволна за нега на кожата, кожата има потреба од поголема помош, а тоа ќе го овозможиме со производите од Volume-Filler линијата. Овие производи имаат хијалуронска киселина, олигопептиди и магнолол кои во оваа комбинација го враќаат намалениот волумен и тонус на кожата и ги подобруваат контурите на лицето.

kako-da-se-neguva-vozrasnata-kozha-7.jpg

- За над 50-тата година е Еucerin Elasticity+Filler е нов производ од лабораториите на Баерсдорф кој ја зајакнува структурата на кожата, преку подобрување на еластичноста и пополнување на длабоките брчки. Колекцијата која се состои од крем за дневна нега, крем за ноќна нега и масло за  нега, содржи единствена и иновативна формула која обезбедува повеќекратни придобивки против стареењето на кожата. Активни состојки во Еucerin Elasticity + Filler се арктиин, екстрахиран од растението пиреј кој докажано го забрзува обновувањето на колаген во клетките на кожата, во  комбинација со силимарин - моќен антиоксиданс кој ги заштитува колагенот и еластинот од слободните радикали и ја подобрува циркулацијата на кожата на клеточно ниво. Формулата е збогатена со арганово масло за потрахнувачки ефект и хијалуронска киселина - супстанца која се наоѓа во сврзното ткиво на нашата кожа, и истата ја прави цврста и еластична, пополнувајќи ги длабоките брчки. Благодарение на оваа формула богата со витамин Е кој го намалува оксидативниот стрес, кожата се чувствува заштитена и мазна, а изгледа свежо и сјајно.

kako-da-se-neguva-vozrasnata-kozha-5.jpg

Но, пред да нанесеме крем за нега да не ја заборавиме хигиената, односно чистењето на кожата, бидејќи само чистата кожа слободно дише и целосно ги прима активните состојки од кремите. Нека здравиот сјај и младешкиот изглед бидат карактеристика на нашата кожа.

kako-da-se-neguva-vozrasnata-kozha-6.jpg

Би можело да ве интересира:

Брчки, лузни: Славни дами кои не ги кријат своите мали „несовршености“ Од фалтички на вратот до флеки кои се појавуваат со текот на годините по деколте...
Природни продукти кои ќе ви помогнат да се справите со акните (а веќе ги имате дома) Алое вера, краставица - постојат природни намирници кои можат да ви помогнат во ...
Чај од бел трн, кефир: Како кожата на Марго Роби изгледа беспрекорно во новиот филм „Barbie“? Експертот за здравје кој соработувал со Марго Роби за време на снимањето на Barb...
Чести грешки со кои несвесно си ја уништувате кожата (и ја зголемувате појавата на брчки) Користите исти продукти во лето и зима, а нанесувате крем со фактор само кога е ...
10 навики за нега и убавина на Бразилките поради кои имаат прекрасна кожа и изгледаат помладо Бразилките пијат вода од кокос, не излегуваат од дома без заштитен фактор дури и...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg