Работи кои можете да ги направите вечерва, за утре да се разбудите поубави

Ги знаете оние жени кои секогаш се средени и изгледаат неодоливо?

10-raboti-koi-mozete-da-gi-napravite-vecerva-za-utre-da-se-razbudite-poubavi-001.jpg

Нивната најголема тајна е во тоа што тие добро се организираат пред спиење, па наутро се будат наспани, убави и веќе полусредени.

За сето ова ќе ви помогнат следниве 10 трикови:

1. Средете ја косата

Пред спиење, едноставно добро исчешлајте ја косата и врзете ја. Наутро ќе се разбудите со убави брановидни прамени, наместо со разбушавена масна коса.

2. Отстранете ја шминката

Ова би требало да е очигледно, меѓутоа често жените одат на спиење со целосна шминка. Ова долгорочно ќе ја оштети вашата кожа.

3. Напијте се чај

Подгответе си и чај од камилица или некоја мешавина наменета за доцните вечерни часови, без кофеин. Овој ритуал ќе ве опушти и подготви за спиење.

4. Изгасете го светлото

Еден час пред да планирате да си легнете, изгасете ги сите светла по собите, освен некои мали светилки со жолти светла кои смируваат. Исто така изгасете ги телевизорот и телефонот, а заменете ги со книга.

10-raboti-koi-mozete-da-gi-napravite-vecerva-za-utre-da-se-razbudite-poubavi-002.jpg

5. Смислете што ќе облечете

Наместо наутро во брзање да барате што да облечете, можете навечер да ја одредите комбинацијата што ја сакате и да ја ставите покрај вашиот кревет. Така наутро ќе имате повеќе време за спиење или за утринското кафе.

6. Заборавете на вечерата

Доколку доцна навечер консумирате тешка храна, наутро ќе се разбудите со потечени очни капаци, тешки нозе и црвени очи. Наместо тоа, доколку се напиете јогурт пред спиење, наутро ќе изгледате и ќе се чувствувате многу подобро.

7. Ставете маска за лице

Многу од нас немаат време во текот на денот да стават маска за лице и да чекаат половина час за маската да делува. Затоа ноќта е идеално време за тоа. Нанесете ја маската пред да легнете и наутро вашата кожа ќе биде мека и свежа.

8. Спијте на грб

Иако спиењето на стомак можеби изгледа поудобно, сепак научно е докажано дека на тој начин се прави преголем притисок врз кожата на лицето.

10-raboti-koi-mozete-da-gi-napravite-vecerva-za-utre-da-se-razbudite-poubavi-003.jpg

9. Прошетајте

Доколку поминете половина час во прошетка пред спиење, многу полесно ќе заспиете, а наутро ќе се чувствувате многу поенергично.

10. Сакајте некого

Чувството на љубов и исполнетост навистина прави да сјаете од среќа. Без разлика дали се работи за партнерот, семејството или пријателите, испратете некому порака, јавете се на телефон или едноставно потсетете се на убави моменти. Ако заспиете со насмевка, со насмевка и ќе се разбудите.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто косата ви се мрси често и како да се справите со овој проблем? Постојат многу причини за често мрсење на косата – од неправилно миење, до хормо...
Зошто наесен ви паѓа повеќе коса + како да го поттикнете нејзиниот раст? Иако не е позната точната причина, на многу луѓе наесен им паѓа повеќе коса. Иак...
Трикови за шминкање кои ќе ви го олеснат животот (а ќе заштедите и пари) Навлажнете ја четкичката со која нанесувате сенка за очи - на овој начин бојата ...
Природни продукти кои ќе ви помогнат да се справите со акните (а веќе ги имате дома) Алое вера, краставица - постојат природни намирници кои можат да ви помогнат во ...
Идеи за фризури со кои ќе ја скриете мрсната коса (ако немате време да ја миете) Опавче со повеќе стегачи, елегантна пунџа, плетенки - постојат многу фризури кои...
12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg