7 погрешни навики со кои несвесно си го нарушувате здравјето

Секој има свои правила за хигиена и рутини со кои се грижи за себе и својата убавина, а тоа не изгледа на некоја тешка и комплицирана работа.

7-greshki-koi-gi-pravime-sekojdnevno-а-mozhe-da-mu-nashtetat-na-zdravjeto-01.jpg

Но, понекогаш овие работи за кои мислиме дека се добри и дека треба да ги правиме, може да ни наштетат на здравјето или на убавината.

Погледнете дали и вие практикувате некоја од овие 7 секојдневни грешки и обидете се да ги избегнете:

Ја покривате устата кога кашлате, кивате

Со покривањето на устата со раце, дозволувате многу бактерии да „се населат“ во вашата кожа. Резултатот може да биде црвенило или осип.

Правилнo: Покријте ја устата со марамче кое потоа ќе го фрлите.

7-greshki-koi-gi-pravime-sekojdnevno-а-mozhe-da-mu-nashtetat-na-zdravjeto-02.jpg

Сечете нокти со ножички

Кога користите ножички за сечење на нокти, структурата на ноктот се деформира, па почнува да се раздвојува и станува кршлива.

Правилнo: Ако сакате да отстраните поголем дел од ноктот, користете грицкалка за нокти за да ги пресечете, а потоа оформете ги како што сакате.

7-greshki-koi-gi-pravime-sekojdnevno-а-mozhe-da-mu-nashtetat-na-zdravjeto-03.jpg

Го шминкате долниот внатрешен дел на окото

Посебно ако го правите тоа со четкичка, со допирањето на внатрешниот дел на окото, можете многу лесно да предизвикате инфекција. Боја измешано со солзи, создава совршени услови за тоа.

Правилнo: Ако сакате да го истакнете долниот дел, користете сенка и нанесете ја малку под трепките.

7-greshki-koi-gi-pravime-sekojdnevno-а-mozhe-da-mu-nashtetat-na-zdravjeto-04.jpg

Го „чистите“ носот со прсти

На рацете многу често има бактерии и нечистотии, кои ако еднаш се „судрат“ со слузницата, може да предизвикаат воспаленија. Посебно е опасно кога носот е затнат.

Правилнo: Носот треба да се чисти наутро, а најдобро е за тоа да се користи специјална направа што служи за таа намена.

7-greshki-koi-gi-pravime-sekojdnevno-а-mozhe-da-mu-nashtetat-na-zdravjeto-05.jpg

Пречесто користите гел за туширање

Кожата содржи корисни бактерии кои ја штитат од инфекции и помагаат во одржување на нивото на влажност. Пречестото користење на гелови и средства може да ја уништи бариерата и кожата да стане поподложна на сушење, што може да предизвика појава на егземи.

Правилнo: Секојдневно миење со вода и дополнителни средства бараат само долните делови од телото, делот под пазувите и секако, дланките. Не цело тело.

7-greshki-koi-gi-pravime-sekojdnevno-а-mozhe-da-mu-nashtetat-na-zdravjeto-06.jpg

Ставате премногу паста за заби

Вишокот на паста предизвикува влакната на четката посилно да се лизгаат по забите, што го намалува квалитетот на чистењето.

Правилнo: Препорачлива количина на паста за заби: за возрасни – топче со големина на зрно грашок, а за деца – со големина на зрно ориз.

7-greshki-koi-gi-pravime-sekojdnevno-а-mozhe-da-mu-nashtetat-na-zdravjeto-07.jpg

Користите премногу балсами за коса

Балсамите за коса имаат густа текстура поради тоа што содржат силикони и други компоненти за да и дадат сјај и мекост на косата. Ако ставате премногу – косата може побрзо да се извалка, а ако дојде до кожата на главата, порите ќе се запушат и тоа доведува до зголемување на масти и сиромашен раст на косата.

Правилнo: Идеална количина на балсам за коса е со големина на монета. Се нанесува само на врвовите каде што косата e најсува.

7-greshki-koi-gi-pravime-sekojdnevno-а-mozhe-da-mu-nashtetat-na-zdravjeto-08.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто косата ви се мрси често и како да се справите со овој проблем? Постојат многу причини за често мрсење на косата – од неправилно миење, до хормо...
Зошто наесен ви паѓа повеќе коса + како да го поттикнете нејзиниот раст? Иако не е позната точната причина, на многу луѓе наесен им паѓа повеќе коса. Иак...
Широки колкови, дупка меѓу забите: Стандардите за убавина на жените низ земјите во светот Во Јапонија жената е привлечна ако има светол тен и ситни очи, во Доминиканската...
Како да го забрзате растот на косата? Рецепти од природни состојки кои може да ги направите сами дом... Дали сте од оние луѓе кои пробале многу производи за брзо растење на косата, но ...
Трикови за шминкање кои ќе ви го олеснат животот (а ќе заштедите и пари) Навлажнете ја четкичката со која нанесувате сенка за очи - на овој начин бојата ...
Како да ја искористите тиквата во рутината за убавина + кои се здравствените придобивки? Пилинг за тело, маска за мрсна кожа, но и маска за педикир - за што сè можете да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg