Трикови како да ги решите најиритантните летни проблеми

Летото носи многу позитивни работи, но со жештината доаѓаат и некои летни проблеми кои може да направат да не се чувствувате баш кул.

trikovi-kako-da-gi-reshite-najiritantnite-letni-problemi-01.jpg

Од мрсната кожа и сувата коса - до акните по телото, мора да преземете мерки за да спречите да изгледате како финалист во шоуто „Survivor“ (сигурно се сеќавате на екстремните услови и екстремниот изглед на натпреварувачите при крајот на шоуто).

Овие едноставни трикови ќе направат да се чувствувате свежо и кога температурите се пеколни:

Лизгање на очилата

Само неколку работи може да бидат така иритантни како лизгањето на очилата по вашиот испотен нос. Наместо постојано со прстот да ги враќате нагоре, решете го проблемот засекогаш.

Стегнете ги вашите рамки малку повеќе од вообичаеното и така ќе го избегнете лизгањето на очилата. Исто така можете да купите очила кои имаат силиконска подлога во пределот на носот.

Дамки од дезодоранс

Без разлика колку внимателно се облекувате наутро, речиси е невозможно да избегнете да оставите бели траги од дезодорансот на вашата маичка. Носењето на темни бои во лето може е од помош кога станува збор за дамките од пот, но тие бои пак се магнет за дамките од дезодоранс.

Ставањето на дезодоранс навечер му дава време тој да се впие во кожата. На тој начин се подобрува неговата моќ следниот ден, а вашата облека ќе биде безбедна.

Понекогаш за итно решавање на проблемот со белите дамки само протријте го извалканиот дел од материјалот сам од себе и така отстранете ја дамката.

Акни по телото

Ако забележувате почесто излегување акни по телото во летниот период, не е ништо чудно. Колку времето е потопло, толку телото произведува повеќе масти, па тие остануваат заробени во порите и предизвикуваат појава на акни.

Акните по телото се особено лоши бидејќи остануваат заробени под облеката натопена во масти и пот.

За да го избегнете ова, користете гелови за туширање кои содржат состојки за неутрализирање на мастите. За свечени настани на кои не сакате кожата да ви сјае на фотографиите, користете средства за матирање на кожата.

Сува коса

И додека голем дел од годината минавте во подготовки на вашето тело за на плажа, за косата не можете да сторите многу. Косата ја впива влажноста од воздухот, што ја менува нејзината текстура. Колку е повлажно надвор, толку повеќе влажност може да впие вашата коса.

За жал, во текот на летото таа станува сува и кршлива. За да го спречите ова, користете посебни производи на база на вода или масло за навлажнување. Особено користете го кокосовото масло, кое ќе ја нахрани сувата коса во овие топли денови.

Испукани петици

Сандалите и влечките ги ставаат вашите стапала пред очите на сите, па затоа мора да бидат во топ форма. Сувите, испукани петици може да бидат навистина лоша глетка.

Истријте ги добро вашите стапала со пилинг, направен од шеќер и масло, за да се ослободите од мртвата кожа. Ставете ги на крпа и масирајте со кружни движења.

На крај, намачкајте дебел слој крема за хидратација на кожата, облечете меки чорапи и легнете на кревет. За кратко време вашите стапала ќе ја впијат влажноста и ќе бидат достојни за отворени чевли.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

13 работи (во изгледот) од кои ниту една жена не треба да се срами Влакненца како „мов“ на брадата и надусниците е само една од работите за кои сов...
Природни продукти кои ќе ви помогнат да се справите со акните (а веќе ги имате дома) Алое вера, краставица - постојат природни намирници кои можат да ви помогнат во ...
Совети за нега на стапала на студено време + маски што можете да ги направите дома Купката со топла вода, и тоа само неколку минути дневно, може да ви направи знач...
9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...
10 навики за нега и убавина на Бразилките поради кои имаат прекрасна кожа и изгледаат помладо Бразилките пијат вода од кокос, не излегуваат од дома без заштитен фактор дури и...
Чести грешки со кои несвесно си ја уништувате кожата (и ја зголемувате појавата на брчки) Користите исти продукти во лето и зима, а нанесувате крем со фактор само кога е ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg