Мазна кожа за 3 минути: Домашен пилинг од рози


Мазна кожа за 3 минути: Домашен пилинг од рози

Потребни се само 3 состојки и 3 минути за сами да си го подготвите овој популарен рецепт за мазна кожа кој блогерките го обожаваат.

mazna-kozha-za-3-minuti-domashen-piling-od-rozi-01.png

Освен што убаво изгледа, состојките што ги содржи немаат штетни влијанија на кожата. Напротив, розата е цвет што во својот состав ги содржи најдобрите козметички производи во светот.

Шеќерот пак, прави благ пилинг и ги отстранува мртвите клетки од кожата, а маслото за бебиња ја потхранува кожата со потребните состојки.

Еве што ви е потребно:

  • 1 шолја шеќер
  • ¼ шолја масло за бебиња (може да се замени со кокосово или бадемово масло)
  • 12 латици од рози

Подготовка:

Добро измешајте ги сите состојки (пожелно е да користите блендер).

Смесата ставете ја во тегличка или стаклен сад со капак и добро затворете ја после секое користење.

Пилингот чувајте го на темно и ладно место. Mожете да го користите најмногу еден месец.

mazna-kozha-za-3-minuti-domashen-piling-od-rozi-02.jpg

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 ѕвезди откриваат како ги победиле акните Колку и да се славни, богати и прекрасни, тоа не значи дека се имуни на човечкит...
5 клучни правила за нега на кожата по 25-тата година Откако ќе наполните 25 години, вашата кожа бара дополнителна нега. Велат дека од...
9 тајни кои жените со беспрекорна кожа никогаш нема да ви ги кажат Младата и негувана кожа не е дар на природата. Таа се стекнува со соодветни рути...