3 сигнали кои покажуваат дека погрешно ја миете косата

Нема апсолутно ништо лошо во тоа да употребите сув шампон кога чувствувате дека косата ви е малку замастена или да ја маскирате во високо подигната растурена пунџа. Всушност, колку повеќе ја одмарата косата од миење толку повеќе ќе изгледа поквалитетно и поубаво.

3-signali-koi-pokazuvaat-deka-pogresno-ja-miete-kosata-01.jpg

Овој факт е како бавна смрт за сите оние чија коса се мрси прилично брзо, но експертите препорачуваат миење односно шампонирање на косата 2 пати неделно.

„Времето помеѓу две миења ќе го избалансира лачењето себум, односно маснотии од лојните жлезди во скалпот, а воедно ќе ѝ даде и доволно време на маската или регенераторот којшто сте го нанеле да ја заврши својата задача“.

Ова се трите непогрешливи знаци дека правите нешто погрешно со својата коса и нејзиното миење:

Косата и скалпот ви се премногу мрсни

Звучи очигледно, нели? Но доколку сте од оние кои излегуваат од тушот и со самото сушење веќе имаат измрсена коса, треба да сфатите дека некаде правите грешка.

Секојдневното шампонирање премногу го стимулира скалпот кој лачи уште повеќе природни масла.

Можно е да ставате премногу шампон и да не го одмивате доволно. Воедно водата на почетокот на шампонирањето треба да биде потопла, но не и жешка, а кон крајното одмивање млака накај поладна. На тој начин фоликулите се затвораат, а косата добива повеќе сјај.

Краевите се премногу суви

Фарбањето, фенот, пеглата, фигарото, сите можни производи за стилизирање си го прават своето и завршувате со најнеомилениот кошмар кога станува збор за косата – мрсен скалп и суви врвови.

Едноставно не постои начин да ги оживеете и регенерирате веќе уништените врвови на косата. Тука помагаат само ножиците. Колку побрзо се решите, толку полесно за вас.

Во иднина треба да внимавате малку повеќе на зачувување на здрави неоштетени врвови на косата. Ограничете ја употребата на средства за стилизирање на косата само за специјални пригоди.

Доколку не можете без фен за коса, сушете ја на пониска температура и на поголема оддалеченост, пократок период од вообичаено.

Употребувајте природни масла за коса. Кокосовото, рицинусовото и чичковото масло се одлични за одржување здрави врвови.

Избегнувајте силиконски производи. Тие само ги маскираат проблемите. Не навлегуваат длабински во влакното и не го третираат истото, ниту ја потхрануваат косата на каков било корисен начин.

Скалпот ви мириса лошо

Штотуку излеговте од бањата, а косата ви мириса некако чудно, како мувлосано и просто непријатно? Тоа е јасен знак дека не сте ја одмиле добро и голем дел од продуктите кои ги употребувате се задржале на површината на скалпот.

Земете не повеќе од 2 лажички шампон за длабинско миење на косата и добро вмасирајте го во скалпот, околу 4 минути. Одмијте добро, а потоа ставете ја истата количина регенератор по целата должина на косата, освен на скалпот и оставете да делува од 3-5 минути.

Добро одмијте и конечно забележете ја разликата на чиста, мирисна и здрава коса.

(O)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто косата ви се мрси често и како да се справите со овој проблем? Постојат многу причини за често мрсење на косата – од неправилно миење, до хормо...
Зошто наесен ви паѓа повеќе коса + како да го поттикнете нејзиниот раст? Иако не е позната точната причина, на многу луѓе наесен им паѓа повеќе коса. Иак...
Природни продукти кои ќе ви помогнат да се справите со акните (а веќе ги имате дома) Алое вера, краставица - постојат природни намирници кои можат да ви помогнат во ...
Кратка коса - тренд кој го следат само најхрабрите македонски и регионални дами Неодамна Нина Бадриќ ги изненади своите фанови кога се појави со кратка коса. Но...
9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...
Идеи за фризури со кои ќе ја скриете мрсната коса (ако немате време да ја миете) Опавче со повеќе стегачи, елегантна пунџа, плетенки - постојат многу фризури кои...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg