6 грешки при шминкањето поради кои изгледате уморно

Уморните очи, бледиот тен и темните подочници, може да се прекријат за миг, со добра шминка и малку вештина. Но, доколку ги немате, можеби правите некоја од овие грешки, па изгледате поуморно, одошто навистина сте.

6-greshki-pri-shminkanjeto-poradi-koi-izgledate-umorno-001.jpg

Фасцинантно е колку шминката може да ве разубави. Со ситни корекции – да блеснете! Но, исто така, таа може да доведе и до тотално фијаско...

Како ќе изгледате, во голема мера зависи од ситниците. Секако, добриот избор на бои на шминка, техники за шминкање, како и квалитетни производи што прилегаат на вашиот тип на кожа, на крајот навистина прават разлика.

А, 6 грешки при шминкањето поради кои изгледате уморно се:

1. Не нанесувате хидратантна крема

Без хидратација, кожата изгледа суво и безживотно. Веќе со едно нанесување, хидратантната крема прави разлика – ги балансира ситните брчки и пружа идеална поддршка за шминката, која ја нанесувате врз неа.

6-greshki-pri-shminkanjeto-poradi-koi-izgledate-umorno-2.gif

2. Погрешна пудра

Премногу или премалку пудра, како и изборот на погрешна нијанса, може да направи катастрофа од вашиот изглед. Со преголема количина, ќе добиете специфичен „cakey“ изглед, како и ситни вдлабнатини и дупчиња по кожата.

Со ставањето многу пудра во прав, пак, одредени делови може да ви испаднат суви и посветли. При првото користење на нова пудра, испробајте ја на кожата од рацете, за да видите дали ви одговараат бојата и текстурата.

6-greshki-pri-shminkanjeto-poradi-koi-izgledate-umorno-3.gif

3. Не сте ставиле кармин

Добриот кармин може за секунда да го оживее целокупниот изглед, претворајќи ве во свежа божица. Одличен избор е секогаш огнено црвената, или ткн. вистинска црвена нијанса.

Но, водете сметка да не ги исцртате прекумерно усните, излегувајќи надвор од границите кога го нанесувате карминот. На тој начин, ќе добиете премногу вештачки изглед.

6-greshki-pri-shminkanjeto-poradi-koi-izgledate-umorno-4.gif

4. Премногу молив за очи

Доколку нанесете премногу молив за очи, може да предизвикате контраефект, создавајќи ситни очи. Најдобро е да користите светли бои, бидејќи тие ги отвораат очите, или, пак, ако веќе навистина сакате црна или друга темна боја, тогаш малку замаглете ја линијата со стапче за уши.

6-greshki-pri-shminkanjeto-poradi-koi-izgledate-umorno-5.gif

5. Не сте ставиле маскара

Суптилно нанесената маскара на трепките, којашто не е воочлива на прв поглед, на очите им дава повеќе експресија. Покрај тоа, оддава впечаток и на поодморен изглед, што секако е нашата цел, нели?

6-greshki-pri-shminkanjeto-poradi-koi-izgledate-umorno-6.gif

6. Погрешен коректор

Погрешната боја на коректорот, не само што ќе ги нагласи темните подочници, туку и сите останати недостатоци, а на лицето може да му даде и ефект на флекавост.

За прекривање на мозолчињата, бирајте погусти коректори во нијанса на вашата кожа или тон потемни, додека за покривање на подочниците, одлучете се за поретки коректери, но со добра покривна моќ, притоа внимавајќи да бидат тон посветли од вашата кожа.

6-greshki-pri-shminkanjeto-poradi-koi-izgledate-umorno-7.gif

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Природни продукти кои ќе ви помогнат да се справите со акните (а веќе ги имате дома) Алое вера, краставица - постојат природни намирници кои можат да ви помогнат во ...
Фото-докази: Како нагласените усни или очи целосно го менуваат ликот? Скарлет Јохансон, Ирина Шајк и Ева Лонгорија се дел од познатите дами кои изглед...
Чести грешки со кои несвесно си ја уништувате кожата (и ја зголемувате појавата на брчки) Користите исти продукти во лето и зима, а нанесувате крем со фактор само кога е ...
10 навики за нега и убавина на Бразилките поради кои имаат прекрасна кожа и изгледаат помладо Бразилките пијат вода од кокос, не излегуваат од дома без заштитен фактор дури и...
12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Чај од бел трн, кефир: Како кожата на Марго Роби изгледа беспрекорно во новиот филм „Barbie“? Експертот за здравје кој соработувал со Марго Роби за време на снимањето на Barb...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg