Од срамежлив буцко до топ модел: Кој би рекол дека ова е истиот дечко?! (фото)

Поранешниот продавач на осигурувања, стекна илјадници фанови ширум светот, откако ослабна 40 килограми и ја пушти брадата, но и сними реклама за вискито на Дејвид Бекам.

od-sramezhliv-bucko-do-top-model-koj-bi-rekol-deka-ova-e-istiot-dechko-foto-1.png

Денес, црвенокосиот Gwilym Pugh (33) е топ модел што мами воздишки на социјалните мрежи, како со изгледот, така и со самодовербата. Меѓутоа, не од така одамна. 

Во минатото, тој бил еден полничок и повлечен агент за продажба на осигурување, кој не можел ни да претпостави што му носи иднината.

od-sramezhliv-bucko-do-top-model-koj-bi-rekol-deka-ova-e-istiot-dechko-foto-2.jpg

Килограмите ги наталожил работејќи од дома, но и затоа што не можел да тренира поради повреда на коленото.

„Во тоа време бев прилично дебел. Работев по 12 часа на ден и се борев со повреди, што значеше дека воопшто не можам да тренирам., откри манекенот за странските медиуми. „Работата ми одеше добро, ама одлучив да го доведам својот живот во ред и одново да бидам здрав.“, додава тој.

od-sramezhliv-bucko-do-top-model-koj-bi-rekol-deka-ova-e-istiot-dechko-foto-3.jpg

Пред неколку години основал фолк група со пријателите, па неговиот бербер го наговорил да пушти брада, како би се вклопил во целата приказна.

А, за да продолжи во истиот правец, Gwilym одлучил да се откаже од брзата храна и поздраво да јаде.

od-sramezhliv-bucko-do-top-model-koj-bi-rekol-deka-ova-e-istiot-dechko-foto-4.jpg

Сепак, најголемата разлика ја забележал дури откако прекинал со канцелариската работа.

„Најдоброто нешто кое го направив за сопственото здравје, беше што престанав да седам од девет до десет часа дневно.“, објаснува топ моделот.

od-sramezhliv-bucko-do-top-model-koj-bi-rekol-deka-ova-e-istiot-dechko-foto-5.jpg

Оттогаш, тој се спуштил од 127 на 83 килограми. Како што килограмите паѓале, а брадата растела, срамежливиот Gwilym си отворил профил на Инстаграм.

Таму го забележал дизајнерот Нејтан Палмер, а останатото е историја.

od-sramezhliv-bucko-do-top-model-koj-bi-rekol-deka-ova-e-istiot-dechko-foto-6.jpg

„Со години работев со финансии, па можноста да соработувам со креативни луѓе и да патувам низ светот, за мене претставува неверојатно искуство. Заборавате колку е лудо, туку сѐ ви станува нормално. Вистински среќник сум што се пробив на моја возраст.“, заклучува манекенот, кој се надева дека еден ден ќе исфрли и модна линија со неговиот потпис.

Фантастична трансформација, зар не?

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Нагласени очи, многу руменило: Шминката од 1990-тите повторно станува хит (фото) Ако ви се допаѓа впечатливата шминка од 90-тите години на минатиот век, имаме до...
7 работи кои прават да изгледате постаро отколку што сте навистина Темен лак за нокти кој ви ги нагласува несовршеностите на рацете и прстите, обле...
Каков маникир да изберете оваа есен за да бидете во тренд – Од чоколадни, до речиси проѕирни нокти (... Металик нокти со врв од мат лак, нокти во боја на топло чоколадо, но и речиси пр...
Трендови во шминкањето и фризурите кои се вратија од минатото (и преку ноќ станаа повторно ИН) Проѕирен маникир за нокти, темно моливче околу целото око, коса залижана наназад...
Совети за нега на стапала на студено време + маски што можете да ги направите дома Купката со топла вода, и тоа само неколку минути дневно, може да ви направи знач...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg