Едноставна вежба за дишење што го намалува ризикот од Алцхајмерова болест

Ново истражување покажало дека едноставна вежба за дишење можеби го намалува ризикот од Алцхајмерова болест. Според научниците, оваа вежба го намалува нивото на два вида протеини во крвта за кои се верува дека се една од причините за појава на болеста.

ednostavna-vezhba-za-dishenje-shto-go-namaluva-rizikot-od-alchajmerova-bolest-01.jpg

Алцхајмеровата болест е најчестиот тип на деменција.

На почетокот се карактеризира со мали проблеми со сеќавањето, кои можат да кулминираат во неспособност за комуникација.

Причината е тоа што болеста ги „напаѓа“ деловите од мозокот кои ги контролираат јазикот и сеќавањето.

Експертите сè уште не се сигурни што точно предизвикува Алцхајмерова болест, а досегашните истражувања покажале дека возраста е еден од факторите – лицата над 65 години се изложени на најголем ризик.

ednostavna-vezhba-za-dishenje-shto-go-namaluva-rizikot-od-alchajmerova-bolest-03.jpg

Исто така, се верува дека и генетиката може да има влијание. Но, важно е да се нагласи дека ова не значи дека и вие сигурно ќе имате Алцхајмер ако имате член од семејството со оваа болест.

Истражувањата покажале и дека една од можните причини за појава на Алцхајмер е абнормалното акумулирање на два вида протеини во и околу клетките на мозокот.

Засега не е познато што го предизвикува ова акумулирање, но експертите сметаат дека почнува многу години пред да се појават првите симптоми.

ednostavna-vezhba-za-dishenje-shto-go-namaluva-rizikot-od-alchajmerova-bolest-06.jpg

Сега, пак, ново истражување покажало дека некои вежби со дишење можеби го спречуваат овој процес, а со тоа најверојатно го намалуваат ризикот од Алцхајмер.

Во истражувањето објавено на веб-сајтот Nature учествувале 108 испитаници на возраст од 18 до 30, како и на возраст од 55 до 80 години.

Испитаниците биле поделени во две групи и двапати дневно правеле различни вежби со дишење. Истражувањето траело четири недели.

Потоа научниците го проверувале нивото на проблематичните протеини во крвта на испитаниците, споредно со периодот пред истражувањето.

Резултатите покажале дека испитаниците кои правеле една од вежбите имале пониско ниво на овие протеини во крвта.

ednostavna-vezhba-za-dishenje-shto-go-namaluva-rizikot-od-alchajmerova-bolest-04.jpg

Како да ја изведете вежбата за дишење што се покажала како ефикасна?

Станува збор за навистина едноставна вежба која може да ви помогне да се ослободите и од стресот.

Треба да ја правите еднаш-двапати дневно, во период од 20 минути.

  • Седнете во удобна положба.
  • Вдишувајте пет секунди.
  • Издишувајте пет секунди.
  • Повторувајте 20-тина минути.
  • Правете ја вежбата барем четири недели.

Засега експертите не знаат зошто дишењето има влијание врз нивото на двата вида протеини, но сметаат дека изведувањето на вежбата можеби го намалува ризикот од Алцхајмер.

ednostavna-vezhba-za-dishenje-shto-go-namaluva-rizikot-od-alchajmerova-bolest-02.jpg

Што можете да направите за превенција на Алцхајмер?

Секако, важно е да се обрне внимание и на животните навики кои го зголемуваат ризикот од болеста.

- Немојте да пушите

- Сведете го пиењето алкохол на минимум

- Хранете се здраво

- Вежбајте барем 150 минути неделно

- Редовно проверувајте го крвниот притисок

- Ако имате дијабетес, држете се до препорачаниот начин на исхрана и примајте ја препишаната терапија

Погледнете и: Често заборавате? 4 работи со кои го зголемувате ризикот од деменција + како се препознава и третира

ednostavna-vezhba-za-dishenje-shto-go-namaluva-rizikot-od-alchajmerova-bolest-05.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кои се симптомите на конго-кримската хеморагична треска и во кои држави, покрај Македонија, е присут... Периодов во Македонија се забележани три случаи на конго-кримска хеморагична тре...
4 предупредувачки знаци дека менталното здравје треба да ви стане приоритет Дали лесно станувате гневни, дури и за најбаналните работи? А, дали ви се чини д...
Тешкотии при дишење и 'рчење може да се знак за ноќна апнеа: Како да ја препознаете - симптоми и нач... 'Рчење, немирно спиење и често будење, зачестено мокрење во текот на ноќта, замо...
Како да препознаете дали вашето дете има крупни сипаници и како да му помогнете? Колку дена децата што имаат сипаници се заразни, како можете да му помогнете на ...
Што е атаксија-телангиектазија, болеста со којашто се бори нашиот херој Кико? Атаксија-телангиектазија е ретка наследна болест која се карактеризира со слаба ...
Атопичен дерматит кај бебиња - зошто се јавува и како се лекува? Бебето е нервозно, плачливо, постојано се чеша и не спие навечер. Атопичниот дер...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg