Кои минерали се неопходни за нашето здравје и која е нивната улога во организмот?

Додека железото помага во создавањето на црвените крвни зрнца, калциумот е неопходен за здрави коски и заби. Кои се другите минерали што му се потребни на телото и во која храна се наоѓаат?

shto-pravat-mineralite-vo-nashiot-organizam-i-zoshto-treba-da-gi-konsumirate-01.jpg

Ако внимавате на исхраната, тогаш сигурно се трудите да внесувате доволно хранливи материи, како минерали.

Но, што точно се минералите и зошто се корисни за нашиот организам?

Минералите се елементи кои му се потребни на нашиот организам за правило развивање и правилна функција.

Тие се важен дел од структурата на коските, имаат влијание врз мускулите и нервниот систем, како и врз нивото на вода во организмот.

Некои минерали имаат и важна улога во правилното функционирање на имунолошкиот систем.

Односно, оптималното ниво на минерали во исхраната може да го намали ризикот од одредени болести, вклучувајќи и хронични.

Минералите се неопходни и за здравјето на забите, а помагаат и во конвертирањето на храната во енергија.

shto-pravat-mineralite-vo-nashiot-organizam-i-zoshto-treba-da-gi-konsumirate-02.jpg

Кои се „главните“ минерали што ни се потребни и во која храна се наоѓаат?

Калциум – ова е најзастапениот минерал во нашето тело и е важен за здрави и цврсти коски и заби. Истовремено, го регулира пулсот и има влијание врз правилното згрутчување на крвта.

Храната богата со калциум вклучува млечни производи, зелен лиснат зеленчук, како и продукти кои се збогатени со калциум.

shto-pravat-mineralite-vo-nashiot-organizam-i-zoshto-treba-da-gi-konsumirate-03_copy.jpg

Железо – уште еден особено важен минерал кој помага во создавањето на црвените крвни зрнца.

Добри извори на железо се месо, грав, јаткасти плодови, интегрален ориз и темнозелен лиснат зеленчук.

Калиум – минерал кој ја контролира рамнотежата на течности во телото и го поддржува здравјето на срцето.

Можете да го внесувате преку банани, брокула, јаткасти плодови и семиња, риба и месо.

shto-pravat-mineralite-vo-nashiot-organizam-i-zoshto-treba-da-gi-konsumirate-04.jpg

Јод – минерал кој помага во создавањето на тироидните хормони.

Најзастапен е во храна како риба и школки.

Цинк – овој минерал помага во создавањето нови клетки, преработувањето на јаглехидратите, мастите и протеините од храната, како и во заздравувањето на раните.

Добри извори на цинк се месо, млечни производи и житарици.

shto-pravat-mineralite-vo-nashiot-organizam-i-zoshto-treba-da-gi-konsumirate-05.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кога паѓаат млечните заби кај децата и зошто е важна оралната хигиена уште од најрана возраст? Доколку не се внимава на млечните заби, бактериите ќе се размножуваат, што на кр...
Чело, грб, рамена: Зошто се појавуваат акни на разни делови од телото? Генерално, акните се појавуваат поради претерано лачење масти, но можат да се по...
Како да го зачувате и подобрите видот без носење очила? Вежби кои треба да ги применувате Имате потешкотии при читање, проблеми со отсјајот на светлата, а окото сѐ помалк...
Ги открива воспаленијата во телото, помага за спречување на срцев удар - Што означува CRP во крвната... Нивото на CRP може да укаже дали имате инфекција во телото, а кај повозрасните л...
Што ќе се случи ако почнете да спиете без пижами, дури и кога е студено? Се верува дека спиењето без пижами може да ви помогне побрзо да заспиете и да им...
Влакна на грбот кај жени: Зошто се јавуваат и како е најдобро да ги отстраните? Многу жени се соочуваат со несакани влакна на делови од телото како лице, стомак...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg