Колку се опасни инфекциите со кандида и како можете да се заштитите?

Постојат неколку видови инфекции со кандида – на уста, грло и хранопровод, на гениталии, како и инвазивна кандидијаза која може да биде поопасна, а генерално се јавува кај лица кои веќе страдаат од други здравствени проблеми.

kolku-se-opasni-infekciite-so-kandida-i-kako-mozhete-da-se-zashtitite-001.jpg

Кандидата е габа од која постојат над 200 разни видови. Дел од овие видови живеат во нашето тело, односно во устата, на кожата и цревата.

Проблемот настанува кога овие габи ќе се размножат премногу и ја нарушуваат природната рамнотежа на бактерии во организмот.

Најчестиот вид за појава на инфекции е таканаречената Candida albicans. Сепак, некогаш инфекциите можат да бидат предизвикани и од други видови кандида.

Овие инфекции се познати како кандидијаза.

Што е кандидијаза?

Кандидијазата е габична инфекција предизвикана од габата кандида.

Инфекцијата може да се појави на неколку делови од телото – устата, грлото и хранопроводот, како и вагината.

Постои и поопасен вид на инфекција со кандида, позната како инвазивна кандидијаза.

kolku-se-opasni-infekciite-so-kandida-i-kako-mozhete-da-se-zashtitite-02.jpg

Кандидијаза на уста, грло и хранопровод

Симптомите на кандидијаза на уста, грло и хранопровод можат да бидат различни.

Дел од најчестите се:

  • Бели дамки во внатрешноста на устата
  • Црвенило и болка во устата
  • Губење на сетилото за вкус
  • Болка при голтање
  • Испукана кожа и црвенило на рабовите на усните

kolku-se-opasni-infekciite-so-kandida-i-kako-mozhete-da-se-zashtitite-03.jpg

Кандидијазата во оваа област е генерално ретка појава кај здравите луѓе.

Обично се појавува кај бебињата, особено оние помали од еден месец, но има и некои ризични фактори за возрасните, како:

  • Носење протези
  • Дијабетес
  • Рак
  • ХИВ/СИДА
  • Терапија со одредени лекови, како антибиотици
  • Лекови кои ја сушат устата
  • Пушење

Ако не спаѓате во ризична група, можете да ја спречите појавата на кандидијаза во устата со правилно одржување на оралната хигиена.

kolku-se-opasni-infekciite-so-kandida-i-kako-mozhete-da-se-zashtitite-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 промени на вашите стапала што можеби укажуваат на здравствен проблем Додека студените стапала можат да бидат знак за слаба циркулација, отечените ста...
Испукани агли на устата (жвали) - зошто се појавуваат и како да ги излечите? Доколку не ги лекувате испуканите агли на устата, инфекцијата може да се прошири...
12 совети како да се грижите за вашето ментално здравје Ако сте имале некаква траума,, како сообраќајна незгода, сексуален напад или смр...
Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Како да го зачувате и подобрите видот без носење очила? Вежби кои треба да ги применувате Имате потешкотии при читање, проблеми со отсјајот на светлата, а окото сѐ помалк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg