Бразилска инфлуенсерка почина по липосукција - Која е најсмртоносната пластична операција во моментов?

Бразилската инфлуенсерка Луана Андраде почина од операција за липосукција на колената, обидувајќи се да се ослободи од состојбата наречена липедема. Голем број други инфлуенсерки, пак, го загубиле животот при операциите за поткревање и зголемување на задникот. Вреди ли да се даде животот за повеќе „лајкови“ на социјалните мрежи?

brazilska-influenserka-pochina-po-liposukcija-koja-e-najsmrtonosnata-plastichna-operacija-vo-momentov-01.jpg

Да, точно го прочитавте насловот, бразилска инфлуенсерка починала на операција за да си ги направи колената послаби!

Ако и вие, како и јас останавте со вилицата до под, тогаш сме на иста страница, прашувајќи се дали вреди да се ризикува сопствениот живот за нешто толку безначајно како пластична хирургија на колена.

Да бидам искрена, пред да прочитам за веста за смртта на инфлуенсерката воопшто не ни знаев дека постои операција наречена „липосукција на колена“, и дека некој би имал храброст да „легне под нож“ само за да има послаби колена.

brazilska-influenserka-pochina-po-operacija-za-liposukcija-na-koleno-koja-e-najsmrtonosnata-plastichna-operacija-vo-momentov-02.jpg

Ги гледам моиве колена, полни со лузни, а секоја лузна е едно слатко сеќавање од детството поминато во безгрижна игра.

Една голема лузна од мојата прва дружба со ролшуи кои ги добив за „5-ките“ во второ одделение, една вертикална лузна на левото колено од мојот неуспешен обид да ги имитирам постарите братучеди и да крадам цреши од соседот и една од пад на базен.

Има уште неколку помали лузни кои ги декорираат моите колена, сигурно од многуте брканици, жмурки и „штркот бара боја“.

Доживеала четири срцеви застои за време на липосукција на колената

Луана Андраде (29) починала еден ден по естетската операција на нејзините колена, која била изведена од страна на приватен доктор и анестезиолог најмен од нејзиното семејство во Сао Паоло, Бразил, во почетокот на ноември.

Д-р Диоване Руаро, пластичен хирург и претседател на бразилскиот одбор за пластична хирургија за локалните медиуми појаснил дека пациентката Луана изгледала дека е во добро здравје пред операцијата.

Причината за смртта на моделот и модниот дизајнер и позната инфлуенсерка во Бразил е наведена како белодробен емболизам по компликации за време на операцијата.

Инфлуенсерката и ѕвезда на реални шоуа околу два и пол часа од операцијата, која се случи во приватна болница во Сао Паоло доживеала „респираторен проблем“, проследен со срцев застој.

Под нега на приватен хирург и анестезиолог најмени од нејзиното семејство, таа била однесена во ургентен центар каде што имала брз третман на застојот на срце.

Според медицинските лица, причината за смрта на Луана е масивен белодробен емболизам поради операцијата за липосукција на колената. Ваквиот емболизам најчесто настанува кога тромб од долните екстремитети ќе се откине и преку циркулацијата ќе го попречи протокот на крвта во белодробните артерии.

Инаку, пријателка на трагично починатата инфлуенсерка, која во Бразил е позната по своите фитнес видеа и сопствена линија на облека за во теретана, изјавила дека Луана имала липедема на колената која била причина таа да се чувствува несигурно за изгледот на колената.

И самата Луана во едно видео на ТикТок има појаснето дека не е задоволна со изгледот на своите колена.

За појаснување, липедемата е состојба кога масното ткиво во делот над колената ќе се воспали и станува многу позадебелено, но не ги погодува само жените со прекумерна тежина, туку и оние со витка линија.

brazilska-influenserka-pochina-po-operacija-za-liposukcija-na-koleno-koja-e-najsmrtonosnata-plastichna-operacija-vo-momentov-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Кога паѓаат млечните заби кај децата и зошто е важна оралната хигиена уште од најрана возраст? Доколку не се внимава на млечните заби, бактериите ќе се размножуваат, што на кр...
3 едноставни вежби за лимфна дренажа Вежбите за лимфна дренажа можат да помогнат во намалување на отоците кои настану...
Вие прашувате, психолог одговара: „Сестра ми почина, како да разговарам со внукот на оваа тема?“ На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Која е главната причина за повеќето емоционални проблеми во животот? Причината за повеќето психолошки и емоционални проблеми е траума. Заглавеност во...
Симптоми, ризични фактори: Работи што секоја жена мора да ги знае за ракот на јајници Шансите за лекување се драстично поголеми ако ракот на јајници се открие рано. З...
„8 месеци пиев јаболков оцет наутро – Како тоа ми помогна со синдромот за полицистични јајчници?“ „Се чувствував како да имам многу повеќе енергија, немав проблеми со подуеност, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg