Вие прашувате, психолог одговара: „Страв ми е да летам со авион, мислам дека ќе добијам паничен напад“

На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт.

vie-prashuvate-psiholog-odgovara-strav-mi-e-da-letam-so-avion-mislam-deka-kje-dobijam-panichen-napad-01.jpg

Прашањата за психолозите може да ни ги испраќате на нашиот мејл Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. – истите треба да бидат концизни и со кирилична поддршка.

Прашање од читател:

„Страв ми е да летам со авион. Затворениот простор ми прави паника, еднаш дури и се имам симнато пред полетување.

Страв ми е дека ќе добијам паничен напад и нема да можам да излезам. Ме кочи премногу ова во работата и животот“.

Одговор од психолог, Нина Тасевска:

Без разлика дали се предизвикани од страв од летање или од друга ментална состојба, многу луѓе доживуваат напади на паника додека патуваат со авион.

Нападот на паника вклучува ненадејни, интензивни чувства на страв и вознемиреност. Овие напади често траат помеѓу 5 и 20 минути, но можат да траат и подолго.

Вообичаена причина за паничен напад во авион е стравот од летање, но тој може да биде предизвикан и од клаустофобија или страв од затворен простор.

Овие напади може да бидат доволно предизвикувачки за справување додека сте на земја, па може да изгледаат уште потешки кога сте на лет.

Користењето авион како превозно средство некогаш ни е и повеќе од важно, неопходно, неизбежно.

Дали поради работа, патување, поврзување со блиски роднини и пријатели, едноставно е неодложно и единствено решение за да стигнеме до тие цели. Па, оттаму многу е јасна фрустрацијата кога тоа „право“ некој саботер во нас ни го скратува.

Затоа, имајте ги предвид следниве работи како себепомош:

Земање лекови за напади на паника – исклучиво во консултација со доктор! Лековите против анксиозност може да ви овозможат брзо ослободување од симптомите на напад на паника, обезбедувајќи ви ефект на смирување што може да ги минимизира физичките и менталните асоцијации на чувство на страв додека летате.

Користење на визуализација – постојат многу визуализирачки техники кои помагаат да си ја претставиме во главата конкретната ситуација во исклучително мирна и релаксирана атмосфера, замислувајќи го најдобриот можен исход во ситуацијата.

Вежбање техники за релаксација – која било вежба со дишење – фокус на себе ќе ви помогне (медитација, прогресивна мускулна релаксација, длабоко дишење…).

Пронаоѓање здрави дистрактори (одвлекувачи на вниманието) – книги, списанија, музика, мисловни игри и сè што би ве одвлекло мисловно од стравот.

- Барање поддршка од луѓе во авионот – доколку сами не можете да се справите. Споделете со некој, разговарајте со кој било патник кој може и сака да помогне, ако патувате сами.

Имајте предвид, исто така, дека вработените во авионот имаат секогаш одредена подготовка, протокол за справување со вакви појави, ситуации. Затоа, знаејќи дека не сте целосно сами, понудете си еден вид утеха.

- Реалистично размислување – Луѓето кои имаат напади на паника често се подложни на погрешно или негативно размислување што може да придонесе за појава на стравовите. Обидете се да се потсетите дека илјадници авиони патуваат безбедно. Уверете се дека и вие безбедно ќе стигнете до вашата дестинација.

Кажете си дека ако навистина се случи напад на паника, ќе можете да се справите со него. Исто така, потсетете се дека физичките сензации што ги доживувате, означуваат дека се чувствувате вознемирени, но не се показател дека сте во вистинска опасност.

- Работа на искоренување на стравот од затворен простор со психолог или терапевт – најважно е да знаете дека фобиите, како и другите анксиозни растројства, бараат време и работа на себе со цел да се откријат вистинските причинители на нереалниот страв и да се втемелат соодветни механизми за надминување на истиот.

Направете сè што е во ваша моќ и употребете ја афирмативната мантра – Нема да дозволам стравот да ме одвлече од моите цели и потреби во животот!

Побарајте бесплатна консултација или закажете сесија со Нина Тасевска, дипл. психолог ТУКА.

Разговарајте со лиценциран психолог и надминете ги предизвиците.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

фото: приватна архива / depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
Вие прашувате, психолог одговара: „Како да се ослободам од постојаниот страв дека ќе се случи нешто ... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
„Имам 23 години, а првиот паничен напад го добив на 13 - што правам во таква ситуација?“ „Мојот прв паничен напад го имав на 13 години. Анксиозни епизоди добивам насекад...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...
Чело, грб, рамена: Зошто се појавуваат акни на разни делови од телото? Генерално, акните се појавуваат поради претерано лачење масти, но можат да се по...
Симптоми на мини мозочен удар што не треба да ги игнорирате Минливиот исхемичен напад неретко е знак дека наскоро може да дојде до мозочен у...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg