Подгответе го телото пред почетокот на ски-сезоната

На самиот почеток на ски-сезоната, не би било лошо ако кондиционо се подготвите за спустовите кои ве очекуваат.

podgotvete-go-teloto-pred-pocetokot-na-ski-sezonata-01

Без оглед на тоа дали сакате да скијате, бордате или лизгате на мраз, овие 3 вежби ќе ви бидат од голема помош:

1. Чучнување

Исправете се, рацете припијте ги до телото, а нозете раздалечете ги 20-30 сантиметри. Стапалата нека ви бидат отворени нанадвор и полека спуштајте се надолу, исто како кога чучнувате. Рацете виткајте ги кај лактите, а рамениците нека останат исправени.

2. Чучнување на една нога

Исправете се, застанете на една нога и рацете припијте ги до телото. Со спротивната рака обидете се да ги дофатите прстите на ногата која ја свиткавте, но грбот задржете го исправен.

3. Исчекор

Исправете се, рацете наместете ги на колковите и нозете раширете ги во ширина на рамениците. Подигнете ја десната нога точно 90 степени, а потоа направете максимален исчекор нанапред. Погрижете се грбот да го држите исправен.

* Трите вежби ќе ви помогнат само ако ги практикувате секојдневно. Наутро или навечер, доволни се само 3 серии од по 10 вежби за да забележите неверојатна разлика во еластичноста на вашето тело.

Би можело да ве интересира:

Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...
12 совети како да се грижите за вашето ментално здравје Ако сте имале некаква траума,, како сообраќајна незгода, сексуален напад или смр...
4 предупредувачки знаци дека менталното здравје треба да ви стане приоритет Дали лесно станувате гневни, дури и за најбаналните работи? А, дали ви се чини д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg