Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем?

Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи, причината се фактори како замор, стрес и пиење многу кафе. Но, ако имате и други симптоми, секогаш е добро да одите на лекар.

zoshto-ponekogash-okoto-ni-igra-i-dali-e-znak-za-seriozen-problem-01.jpg

Таканареченото играње на окото може да биде причинето од многу работи. Ако трае краток период, не треба да ве загрижува, но доколку ви создава проблем подолго време, препорачливо е да одите на лекар.

Што е играње на окото?

Играњето на окото е неволно движење на очниот капак.

Капакот може да ви се затвора или може да чувствувате како ви пулсира, без да се затвора.

Очните капаци се контролирани од мускули – еден кој ги отвора и еден кој ги затвора.

Во повеќето случаи, овие мускули го предизвикуваат „играњето“ на окото, но некогаш може да биде и од другите очни мускули.

zoshto-ponekogash-okoto-ni-igra-i-dali-e-znak-za-seriozen-problem-03_copy_copy.jpg

Зошто се јавува?

Најчестата причина за играње на окото медицински е почната како миокимија на очниот капак.

Во овој случај, играњето на окото не е предизвикано од здравствен проблем.

Најчеста причина за миокимија на очниот капак е:

  • Пиење алкохол
  • Силно светло
  • Пиење големо количество кафе
  • Напрегање на очите
  • Замор
  • Иритација на окото
  • Никотин
  • Стрес или анксиозност
  • Загадување на воздухот или ветар

Постојат и некои медицински состојби кои можат да предизвикаат играње на окото, како сувост на очите и чувствителност на светлина.

Во некои случаи, играњето на окото може да биде несакан ефект од некои лекови, најчесто од оние за Паркинсонова болест.

Многу ретко, играњето на окото може да биде знак за болести и нарушувања на мозокот и нервниот систем. Но, во овој случај, играњето на окото ќе биде придружено и со други симптоми.

zoshto-ponekogash-okoto-ni-igra-i-dali-e-znak-za-seriozen-problem-02.jpg

Кога да одите на лекар?

Играњето на окото не треба да ве загрижува ако трае неколку дена, па и недела-две.

Сепак, одете на лекар доколку:

  • Играњето на окото не престане по две недели
  • Окото целосно ви се затвора
  • Тешко ви е да го отворите окото
  • Чувствувате грчење на мускулите и на други делови од телото
  • Окото ви е црвено, отечено или има исцедок
  • Горните капаци ви се многу спуштени

zoshto-ponekogash-okoto-ni-igra-i-dali-e-znak-za-seriozen-problem-05.jpg

Како да го намалите играњето на окото кога не станува збор за здравствен проблем?

За да се ослободите од оваа непријатна појава, ќе мора да направите промени во секојдневието.

Квалитетниот сон, намалувањето на стресот и намалената консумација на кафе и алкохол можат да ви бидат од помош.

Ако имате суви очи, можете да користите и капки, но во овој случај најдобро е да се консултирате со лекар.

Доколку страдате од анксиозност, разговарајте со професионалец кој ќе ви помогне да се справите со неа.

zoshto-ponekogash-okoto-ni-igra-i-dali-e-znak-za-seriozen-problem-04.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Симптоми кои се јасен знак дека треба да го однесете детето на очен лекар Го покрива едното око, го држи телефонот премногу близу до лицето или многу чест...
Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
12 совети како да се грижите за вашето ментално здравје Ако сте имале некаква траума,, како сообраќајна незгода, сексуален напад или смр...
Луѓе, животни или базен - Како можете да се заразите со шуга? Дали шугата ја пренесуваат само животните? Дали може да ја добиете на базен? Как...
Псоријаза на темето на главата - Како да го намалите чешањето и како се лекува? Главата постојано ве чеша, имате проблеми со првут, а забележувате и црвени дамк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg