5 чекори до позитивен став

Промената на негативниот ментален склоп може да резултира со целосно поинаков животен стил, а секако и да донесе поголем успех на професионален план.

5-cekori-do-pozitven-stav-01

Ова се 5 совети како да се ослободите од негативноста

1. Покажете благодарност

Еден од најлесните начини за зголемување на позитивноста е искажување благодарност. Благодарноста за она што го имате и правите, моментално ве ослободува од сите негативности кои ги држите во себе. Најдобар и најефикасен начин за вградување на чувството за благодарност во вашиот живот е да ја покажувате секое утро. Кога ќе се разбудите и помислете на 10 работи за кои сте благодарни. Благодарноста може да ја изразите во себе или на глас, но таа мора да биде детална и искрена.


2. Делете

Во многу случаи негативните чувства предизвикуваат фокусирање на негативните аспекти од вашиот живот. Од тие чувства може да се ослободите со безусловно давање на другите. Поделете ги вашите вештини со другите. Ако некој ви побара совет, помогнете. Дури и најмалиот гест или чувство кое ќе го поделите може да направи големи промени во индивидуалната перцепција.


3. Контролирајте го дишењето

Некој некогаш рекол дека оној кој има моќ да си го контролира дишењето, може да си го контролира и животот. Потсетете се кога последен пат сте изгубиле контрола. Што се случило тогаш со вашето дишење? Кога се лутите вашето дишење станува брзо и кратко. Контролата на дишењето може да ја препознаете и да ги промените вашите негативни емоции. Дишењето вежбајте го на тивко место или за време на медитација. Вдишете низ носот и почувствувајте како воздухот влегува во вашето тело и ви ги полни градите. Кога ќе ви се наполнат, почувствувајте како воздухот полека го напушта вашето тело и ве ослободува од напнатоста.

5-cekori-do-pozitven-stav-1

4. Визуелизирајте го успехот

Користењето на вашата способност за замислување и визуелизација може да биде силна алатка за зголемување на позитивноста. Многу од најголемите светски умови моќта на визуелизацијата ја користеле з да ги добијат посакуваните нешта. Зошто да не се обидете? Затворете ги очите и замислете некој убав настан кој ви се случил во минатото. Сместете се себеси во тој настан и почувствувајте ги позитивните емоции кои и тогаш сте ги чувствувале. Кога ќе ги отворите очите обидете се да останете во таа позитивна состојба. Ефектите на визуелизацијата можете повеќекратно да ги зголемувате од претходната ситуација.


5. Медитирајте

Медитацијата е еден од најефикасните начини за подигнување на позитивноста. Медитацијата ги зголемува вашата свест за себе и ви овозможува подобра поврзаност на умот, телото и душата. Со медитацијата можете да научите како да се ослободите од негативните чувства. Пронајдете тивко и удобно место на кое ќе седнете или легнете. Затворете ги очите, вдишете длабоко неколку пати и опуштете се. При длабокото дишење почувствувајте како ве напушта негативната енергија.

5-cekori-do-pozitven-stav-2

Би можело да ве интересира:

Како да го зачувате и подобрите видот без носење очила? Вежби кои треба да ги применувате Имате потешкотии при читање, проблеми со отсјајот на светлата, а окото сѐ помалк...
Симптоми кои се јасен знак дека треба да го однесете детето на очен лекар Го покрива едното око, го држи телефонот премногу близу до лицето или многу чест...
9 можни причини зошто очите ви се иритирани и ве чешаат Покрај сезонските алергии, и некои лекови можат да предизвикаат сувост и чешање ...
Јога вежби со кои ќе ги одморите очите од постојано гледање во екран Денес, кога живееме во дигитална ера, нашите очи честопати се изложени на екрани...
Вие прашувате, психолог одговара: „Немам желба да правам ништо, дали страдам од депресија?“ На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
4 предупредувачки знаци дека менталното здравје треба да ви стане приоритет Дали лесно станувате гневни, дури и за најбаналните работи? А, дали ви се чини д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg