Залажете ја гладта

zalazete-ja-gladta-povekjeПостојано сте гладни, а сакате да ја одржувате линијата? Секогаш постои начин да го залажете организмот. Ова се неколку продукти кои ќе ја...

 

...ублажат гладта, а нема да влијаат на вашата линија.

Ленено семе
Одличен извор на здрави масни киселини, кои го ублажуваат непријатното чувство на празнина во желудникот, посебно ако се измеша со јогурт, или крем сирење.

Водаzalazete-ja-gladta
Некои луѓе често го мешаат чувството на жед со глад, а всушност патат од дехдритација. Доколку на телото му недостига течност, човекот е уморен и поспан, па често пробува тоа да го реши со храна, што е погрешно. Затоа, многу е важно да препознаете кога сте гладни, а кога жедни.

Супа
Пилешката и супата од зеленчук имаат моќ со малку калории да го наполнат желудникот. Пилешкото на телото ќе му даде мала доза на протеин, а со тоа и енергија, а варениот зеленчук бргу ќе го задоволи гладот.

Бадеми
Доколку морате нешто да грицкате помеѓу оброците, нека бидат тоа бадеми. Конзумирајте ги пред да почувствувате голем глад, бидејќи во спротивно ќе изедете премногу, а тие сепак имаат висок степен на масти.

Јаболки
Покрај тоа што се здрави, јаболките содржат и влакна кои го наполнуваат стомакот и го залажуваат гладот за час, или два. Од витамините и овошниот шеќер кои се содржат во јаболките, нема да чувствувате мачнина, или празнина.

Овесна каша
Полна е со влакна и со многу мала количина шеќер, па затоа е одличен избор доколку сакате да го убиете гладот помеѓу оброците.

Лосос
Овој вид риба има многу здрави масти кои ќе ви помогнат долго време да останете сити. Но, да напоменеме, две мали парчиња риба ќе бидат сосема доволни за еден оброк.

Кафе
Ако се зема во умерени количини, кофеинот го стимулира нервниот систем, ја зголемува телесната активност и го смирува чувството на глад. Само немојте да претерувате со овој пијалок!

 

Би можело да ве интересира:

Паркинсонова болест - симптоми, лекување и како да живеете со неа? Знаци на Паркинсонова болест се обично вкочанетост и побавни движења, а состојба...
Кои се најчестите симптоми на рана менопауза и зошто се јавува? Кога менопаузата се јавува пред 45-тата година од животот, тогаш се нарекува ран...
Како се пренесува, кои се симптомите и дали има лек? Сè што треба да знаете за сифилис Сифилисот е честа сексуално пренослива болест која може да се излечи со кратка т...
Вие прашувате, психолог одговара: „Страв ми е да летам со авион, мислам дека ќе добијам паничен напа... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Кои се симптомите на конго-кримската хеморагична треска и во кои држави, покрај Македонија, е присут... Периодов во Македонија се забележани три случаи на конго-кримска хеморагична тре...
Вие прашувате, психолог одговара: „Сестра ми почина, како да разговарам со внукот на оваа тема?“ На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg