9 работи кои не смеете да ги криете од гинекологот

Постојат неколку работи во вашиот живот кој веројатно сте им ги премолчиле на пријателите, а да не зборуваме за вашиот гинеколог.

9-raboti-koi-ne-smeete-da-gi-kriete-od-ginekologot-01

Но, не заборавајте дека вашиот гинеколог веќе видел и слушнал сè што можел, така што неискреноста е ваша загуба, а не негова.

Затоа, овие 9 работи никако не смеете да му ги премолчите:

1. Колку партнери сте имале до сега - Ако сте биле прилично активни оваа година, би требало да го кажете тоа уште пред да ве праша. Сигурно нема да ве осудува, а може многу да ви помогне ако се работи за вашето здравје.

2. Барем еднаш имавте незаштитен однос - Еднаш ви се случило да не користите заштита, а притоа немате никакви симптоми за инфекција? Неважно, задолжително упатете се кај лекарот и објаснете му ја ситуацијата. Вие сте одговорни за она што не го пријавувате, а не тој.

3. Не можете да доживеете оргазам - Ако не се посоветувате со вашиот гинеколог на оваа тема, вашата пријателка сигурно нема да ви помогне. Верувале или не, секој интимен лекар го знае одговорот на ова прашање.

4. Повремено крвавите по сексуалниот однос - Ако тоа се случило еднаш по груб секс, тогаш не би требало да паничите. Но, ако појавата сè почесто се повторува, може да е предупредување за инфекција или проблем со грлото на матката.

5. Менструацијата ви е поинаква од вообичаено - Иако сте сигурни дека не сте бремени, промената на менструацијата е голема причина за посета на гинеколог. Така најлесно ќе ги откриете инфекциите, цистите или хормоналниот дисбаланс.

6. Чувствувате болка за време на односот - Не заборавајте дека овој проблем го има секоја трета жена, па затоа задолжително кажете го. Можно е тоа да е последица од контрацепцијата која ја користите или пак имате проблем со матката. Во секој случај, гинекологот може само да ви го подобри сексуалниот живот.

7. Пиете лекови или додатоци во исхраната - Ова е многу важно доколку сакате да пиете пилули како заштита. Дури и билните додатоци може да ви предизвикаат проблеми, па затоа детално објаснете што и зошто пиете.

8. Исцедокот има непријатен мирис - Најчесто ова е последица од недолечена инфекција или pH дисбаланс - проблем кој вашиот гинеколог ќе го реши за 1 седмица. Затоа, пријавете ја секоја промена.

9. Сакате да останете бремени - Ако планирате да останете бремени, задолжително известете го гинекологот. Тој може да ви даде одлични совети и да ја провери плодноста на вашето тело.

Би можело да ве интересира:

Симптоми кои се јасен знак дека треба да го однесете детето на очен лекар Го покрива едното око, го држи телефонот премногу близу до лицето или многу чест...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
Кои промени на стапалата и ноктите можат да бидат знак за некаков проблем со здравјето? Ако имате многу сува кожа којашто се лупи, и покрај добрата нега на стапалата, м...
Симптоми на мини мозочен удар што не треба да ги игнорирате Минливиот исхемичен напад неретко е знак дека наскоро може да дојде до мозочен у...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg