7 намирници кои ја намалуваат болката во мускулите по тренингот

Колку пати до сега ви се случило по напорниот тренинг да се мачите со воспаление на мускулите по целото тело? Тешко ви е да станете, седнете, излезете од автобус и веќе со денови пиете нешто против болки...

7-namirnici-koi-ja-namaluvaat-bolkata-vo-muskulite-po-treningot-01.jpg

Да, сите кои се подготвуваат за летото се запознаени со оваа појава. Затоа, ви откриваме неколку намирници кои ги смируваат мускулите, а вас ве држат полни со енергија.

Кофеин

Верувале или не, кофеинот е најефикасен борец против болките. Спроведено е истражување кое докажува дека 2 шолји дневно може да ја намалат болката до 48 проценти. Затоа, не ја скратувајте утринската шолја кафе.

Чај од камилица

Со векови познатиот народен лек за стомачни болки, проблем со несоница и мрзеливоста, камилицата исто така ја намалува болката поврзана со воспаление на мускулите.

Ѓумбир

Долго познатиот лек за стомак и настинка, може да ви помогне и за болката во мускулите, но само ако го консумирате секојдневно. Доволни ви се 3-4 грама мелен ѓумбир додадени во чај или сок за да почувствувате подобрување по само неколку дена.

Боровинки

Пробајте по тренингот да изедете овошна салата со боровинки. Не само што се моќен антиоксиданс, туку и го поттикнуваат обновувањето на мускулните влакна.

7-namirnici-koi-ja-namaluvaat-bolkata-vo-muskulite-po-treningot-02.jpg

Ананас

Ова егзотично овошје е богат извор на ензими кои го намалуваат чувството на болка.

Млеко

За да ги вратите течностите кои ги изгубивте за време на тренингот, најдобро е да испиете чаша млеко која содржи доза натриум и калиум далеку повисока отколку било која енергетски пијалак.

Кељ и спанаќ

Зелениот зеленчук во вид на спанаќ, брокула и кељ е богат со калциум и магнезиум, па затоа е перфектна опција ако имате воспаление на нозете по долгиот тренинг.

7-namirnici-koi-ja-namaluvaat-bolkata-vo-muskulite-po-treningot-03.jpg

Би можело да ве интересира:

Дали ишијасот е знак за сериозен проблем и колку долго трае болката? Оние кои имале ишијас ќе ви кажат дека во животот не почувствувале полоша и поси...
Природни лекови за воспалени мускули + зошто се јавува болка по вежбање? Не постои волшебен лек што веднаш ќе ја намали болката во мускулите по вежбање, ...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
Кои промени на стапалата и ноктите можат да бидат знак за некаков проблем со здравјето? Ако имате многу сува кожа којашто се лупи, и покрај добрата нега на стапалата, м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg