5 Домашни лекови кои помагаат при болка во ушите

Болката во увото е веројатно најдосадната болка која може да ја почувствувате, а ако сѐ уште трагате по рецепт кој бргу ја елиминира оваа болка, тогаш пробајте еден од овие 5 домашни лекови.

5-domasni-lekovi-koi-pomagaat-pri-bolka-vo-usite-1

Сите овие намирници веројатно ги имате во вашиот дом, но не сте свесни колку тие навистина може да ви олеснат кога е во прашање болката во ушите.

Погледнете кои се тие:

1. Кромид

Исцедете го сокот од кромидот и малку загрејте го. Неколку капки ставете во болното уво а потоа лежете на спротивната страна од увото кое ве боли. После 5, 10 минути увото измијте го со млака вода. Третманот повторете го 2 пати дневно.

5-domasni-lekovi-koi-pomagaat-pri-bolka-vo-usite-2

2. Масло од нане и чајно дрво

Во 60ml маслиново масло ставете неколку капки од есенцијалните масла од чајното дрво и нане( доволни се по 3 капки од секое). Во болното уво капнете три капки и лежете на спротивната страна од 15 до 20 минути. Потоа измијте го увото со млака вода.

5-domasni-lekovi-koi-pomagaat-pri-bolka-vo-usite-3jpg

3. Кокосово масло

Загрејте го кокосовото масло и ставете неколку капки од него директно во увото, а потоа легнете на спротивната страна од увото кое ве боли 5,10 минути. Потоа измијте со млака вода.

5-domasni-lekovi-koi-pomagaat-pri-bolka-vo-usite-4

4. Лук

За овој лек ви е потребно:

  • 4 чешниња лук, здробени
  • 120ml маслиново масло
  • 20 капки есенцијално масло од еукалиптус

Лукот и маслиновото масло ставете ги во мал сад, а потоа загревајте ги 8 часа. Потоа, исцедете ги и притиснете го лукот за да добиете повеќе течност. Додајте го есенцијалното масло и добро измешајте. Во увото ставете неколку капки од добиениот лек на секој половина час, додека болката не престане.

5-domasni-lekovi-koi-pomagaat-pri-bolka-vo-usite-5jpg

5. Хидроген пероксид

Едно мало шишенце со шприц наполнете го со хидроген пероксид, но не појак од 3%, а потоа од 5 до 10 капки ставете во уво. Легнете на спротивната страна 10тина минути. Потоа при миењето чекајте течноста да излезе од увото и повторно плакнете со млака вода. 

5-domasni-lekovi-koi-pomagaat-pri-bolka-vo-usite-6

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Дали ишијасот е знак за сериозен проблем и колку долго трае болката? Оние кои имале ишијас ќе ви кажат дека во животот не почувствувале полоша и поси...
Вие прашувате, психолог одговара: „Страв ми е да летам со авион, мислам дека ќе добијам паничен напа... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Природни лекови за воспалени мускули + зошто се јавува болка по вежбање? Не постои волшебен лек што веднаш ќе ја намали болката во мускулите по вежбање, ...
Псоријаза на темето на главата - Како да го намалите чешањето и како се лекува? Главата постојано ве чеша, имате проблеми со првут, а забележувате и црвени дамк...
Зошто ви се појавуваат афти и како да ја намалите болката? Стресот, но и цитрусното овошје можат да бидат причина за појава на афти. Иако о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg