Што се случува со вашето тело кога ќе престанете да користите пилули за контрацепција?

Веројатно знаете што може да очекувате кога ќе почнете да пиете антибеби пилули, но дали знаете што се случува со вашето тело кога ќе престанете да ги користите?

sto-se-slucuva-so-vaseto-telo-koga-ke-prestanete-da-koristite-piluli-za-kontracepcija-01

Без разлика дали сте се одлучиле на тој чекор бидејќи сакате да забремените или затоа што немате веќе потреба од нив, мора да знаете што ве очекува.

Овие симптоми може да варираат од жена до жена, но добро е да ги знаете.

Менструацијата може да ви стане непријатна

Многу жени се одлучуваат за употреба на антибеби пилули бидејќи така го држат ПМС под контрола. Особено од голема помош им е на оние жени кои мака мачат со грчевите и со нередовната менструација. Но, кога ќе престанете да ги користите сите симптоми се враќаат, па дури и многу посилно.

Причината за тоа е зголеменото ниво на прогестерон и естроген во пилулите кои ја спречуваат овулацијата, а која е главен виновник за болката и грчевите кај некои жени.

Можеби ќе ослабете

Истражувањата покажале дека третина од жените ослабеле, третина се здебелиле, а останатите останале исти. Причина за тоа може да бидат хормоните, исхраната и задржувањето на водата. Забележано е дека жените во Америка најмногу се здебелуваат од контрацептивните вакцини.

Градите може да ви се намалат

Ако ви се зголемиле градите додека сте ги пиеле антибеби пилулите, тоа се случило благодарение на зголемената доза на прогестерон и естроген во нив. Поради тоа тие може и да се смалат кога ќе престанете да ги земате, но тоа не е случај со сите жени.

Може да ви се зголеми секретот

Пилулата спречува овулација, па поради тоа ќе имате помалку секрет. Телото лачи повеќе секрет при овулација за да го олесни забременувањето.

Ви зајакнува либидото

Многу жени најмногу се жалат дека пилулата им ја намалува желбата за секс. Иако ова не им се случува на сите, хормоните се главни виновници за тоа. Некои жени имаат многу ниско ниво на тестестерон, додека користат пилули и затоа немаат овулација и имаат намалено либидо. Исто така, некои жени може да патат од сувост на вагината додека земаат пилули.

sto-se-slucuva-so-vaseto-telo-koga-ke-prestanete-da-koristite-piluli-za-kontracepcija-1.jpg

Ќе ви се влоши ПМС

Ако сте имале изразени симптоми на ПМС, многу е веројатно дека штом ќе престанете да ги употребувате дека ќе ви се вратат и симптомите. Може да очекувате главоболка, чувствителност на градите, зголемена желба за одредена храна и сл.

Може да почнете да чувствувате овулација

Кај некои жени овулацијата е многу очигледна појава. Можно е да чувствувате грчеви и да имате засилена секреција, како и зголемено либидо. Ако долго сте користеле  контрацепција, враќањето на овие симптоми може да биде многу изненадно и непријатно.

Може да ви се појават мозолчиња

Некои жени се одлучуваат за контрацепција за да ги излечат мозолчињата. Но, многу е веројатно дека кога повторно ќе одлучите да престанете да ги земате. Кога користите пилули нивото на тестестеронот се снижува и така се спречува создавањето на мозолчињата, а кога ќе престанете многу е веројатно дека истите ќе се вратат.

Може веднаш да забремените

Штом престанете да пиете пилули, вашето тело е подготвено за бременоста. Затоа, штом престанете да ги користите, а сè уште не сакате бебе, подобро е да користите кондом.

sto-se-slucuva-so-vaseto-telo-koga-ke-prestanete-da-koristite-piluli-za-kontracepcija-2.jpg

Би можело да ве интересира:

Симптоми кои се јасен знак дека треба да го однесете детето на очен лекар Го покрива едното око, го држи телефонот премногу близу до лицето или многу чест...
Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
Зошто се појавуваат влакна на женските гради и дали е безбедно да ги отстраните? Многу жени и девојки имаат влакненца во пределот на градите, особено околу брада...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Синдром на нервозни црева: Зошто се јавува и можат ли да се контролираат непријатните симптоми? Подуеноста, дијарејата и констипацијата се најчестите симптоми на таканаречениот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg