5 скриени причини заради кои лесно добивате вагинални инфекции

Дури и ако имате сигурен секс и постојано се грижите за интимната хигиена, вагиналните инфекции лесно ќе го пронајдат патот за да ви го нарушат интимното здравје.

5-skrieni-pricini-zaradi-koi-lesno-dobivate-vaginalni-infekcii-01.jpg

Се прашувате каде грешите?

Исхрана пред менструација

Идеално би било ако 1 седмица пред менструацијата двојно ја зголемите количината на пробиотици кои ги внесувате, а ги избегнете шеќерот и јаглехидратите. Исто така, лукот е одличен додаток кој ги спречува габичните инфекции, како и користењето на кокосово масло.


Слатки

Каде има шеќер – има и бактерии. Десертите се совршена замка која лесно ве доведува до вагиналните инфекции. Затоа, најдобро е постепено да ги исфрлите од исхраната, посебно кога сте во фаза на лечење. И во овошјето има голем процент на шеќер, па внимавајте какви сокови пиете или каква овошна салата јадете.


Тесна облека

Факт е дека бактериите сакат топлина и влага, а тоа значи дека тесните фармерки се идеален услов за размножување. Бирајте облека од природни материјали, а исто така, добро е долната облека секогаш да ја пеглате пред да ја облечете. На тој начин, високата температура го уништува поголемиот број на бактерии кои се наоѓаат на неа.


Хигиена

Што се однесува до хигиената, никогаш не користете жешка вода за измивање на интимниот дел, ниту пак силни сапуни. Исто така, избегнувајте го користењето на миризливи тампони и влошки, миризливи спреови, а од употреба исфрлете ги сите гелови за туширање со силни мириси.


Хормонски промени

Употребата на антибиотици, намалениот имунитет или пилулите за контрацепција лесно можат да ја нарушат вагиналната флора, што може да доведе до безброј инфекции. Чешањето и непријатноста можете моментално да ги ублажите со обичен јогурт, во кој ќе го натопите тампонот и ќе го оставите да делува 2-3 часа.

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
10 промени на вашите стапала што можеби укажуваат на здравствен проблем Додека студените стапала можат да бидат знак за слаба циркулација, отечените ста...
Продукти кои се богати со калциум и ги зајакнуваат коските (а не се млечни) Гравот не е богат само со протеини и хранливи влакна, туку и со калциум. 100 гра...
Како да го зачувате и подобрите видот без носење очила? Вежби кои треба да ги применувате Имате потешкотии при читање, проблеми со отсјајот на светлата, а окото сѐ помалк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg