Ослободете се од главоболката без таблети: Станете на време, појадувајте и пијте кафе

Ако често имате главоболки во текот на денот, не значи дека веднаш треба да ги земете сите апчиња кои ќе ги најдете за главоболка. Проблемот со главоболката може да се реши на неколку природни и едноставни начини, отколку да се труете со апчиња и да чекате да дејствуваат.

oslobodete-se-od-glavobolkata-bez-tableti-stanete-na-vreme-pojaduvajte-i-pijte-kafe-01

Редовен секс

Сексот ве ослободува и целосно ја отстранува болката од главата, или мигрената. Со сексот се лачи ендофрин, кој е природен телесен лек против болки.


Седете исправено

Ако не седите исправено на столчето може да добиете главоболка. Положбата на телото во облик на буквата С врши притисок на нервите и создава болка. Важно е да бидете исправени и со стапалата на подот.


Избегнувајте сендвичи со шунка

Шунката содржи тирамин, супстанца која се користи за одржување на храната и нитрат, кој го забрзува крвотокот низ мозокот, а тоа предизвикува болка.


Јадете ореви и семиња

Тие се извор на магнезиум кој ги опушта мускулите и неговиот недостаток се поврзува со намалениот доток на крвта во мозокот, како и со намалениот шеќер во крвта.


Заборавете на освежувачите за домот

Силните мириси на парфеми, лосиони и освежувачи предизвикуваат главоболка бидејќи содржат хемикалии кои ги активираат нервните клетки во носот. Наместо тоа проветрувајте почесто и користете природни освежувачи.

oslobodete-se-od-glavobolkata-bez-tableti-stanete-na-vreme-pojaduvajte-i-pijte-kafe21.jpg

Внимавајте што јадете

Проверувајте дали во храната што ја купувате е содржана состојката Моносодиум глутамат (МСГ) која се користи како засилувач. Најчесто го има во кинеската и азиската храна, па затоа внимавајте што нарачувате.


Одморајте почесто од компјутерот

Пожелно е почесто да правите пауза од гледањето во монитор. За таа цел, добро е на секои 20 минути да се загледате 20 секунди во точка оддалечена околу 6 метри.


Жените да не ја врзуваат често косата во висок кок

Собраната коса во висок кок и стегнато врзана го иритира ткивото на скалпот, а тоа доведува до главоболка.


Пијте доволно вода и масирајте ги челото и вратот

Главоболката може да ја отстраните со пиење вода и петминутно масирање на челото и вратот.


Будете се на време, појадувајте и пијте кафе

Ако преспиете и не се напиете кафе, тоа може да доведе до главоболка, особено ако сте зависник од кофеин. Појадокот е исто така неопходен, бидејќи е најважен оброк. Обидете се кафето секој ден да го пиете во исто време.

Би можело да ве интересира:

Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
10-те најчести причини за главоболка Стресот и анксиозноста, но и проблемите со синусите се дел од најчестите причини...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Кои промени на стапалата и ноктите можат да бидат знак за некаков проблем со здравјето? Ако имате многу сува кожа којашто се лупи, и покрај добрата нега на стапалата, м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg