11 докази дека шеќерот е бомба за организмот

Познато е дека шеќерот и не е баш корисна состојка за нашиот организам, но сепак го користиме. Ако досега ништо не ве разубедило да го замените со природни засладувачи и ако не знаете што му прави на вашиот организам, овие 11 докази ќе ве убедат.

11-dokazi-deka-sekerot-e-bomba-za-organizmot-001.jpg

1. Маснотиите се собираат на органите

Фруктозата, како дел од шеќерот прави црниот дроб поефикасно да складира масти и тоа на чудни места. Со текот на времето доаѓа до создавање масни наслаги околу него, а тоа предизвикува заболување на џигерот кое беше многу поретко во осумдесеттите години од минатиот век.

2. Подгответе се за дијабетес

Секои дополнителни 150 калории добиени преку внесувањето шеќери дневно се зголемуваат шансите за 1,1 % да се добие дијабетес.

3. Хаос со холестеролот

Ако се изостават оние со висок холестерол, дијабетес и дебелите луѓе, кај оние кои внесуваат многу шеќери се забележува најголем пораст на лошиот холестерол и опасните триглицериди, а воедно се намалува и нивото на добриот холестерол.

4. Лошо влијае на срцето

Срцевите заболувања и дијабетесот се тесно поврзани. Срцевите и мозочните удари се најголема опасност за оние со дијабетес тип 2.

5. Крвен притисок

Доаѓа до прекумерно лачење инсулин, кој лошо влијае на системот за циркулација и на артериите. Хронично високото ниво на инсулин го забрзува растот на мускулните ткива околу крвните садови, а со тоа предизвикува стврднување на ѕидовите на артериите, што е чекор поблиску до високиот крвен притисок.

11-dokazi-deka-sekerot-e-bomba-za-organizmot-1

6. Предизвикува дијабетес тип 3

Поврзаноста помеѓу резистентноста на инсулинот, исхраната богата со масти и Алцхајмеровата болест се обележува со терминот дијабетес тип 3 во кој големо влијание има глукозата.

7. Ви го зголемува апетитот

Редовното внесување големи количини шеќери му пречи на мозокот со испраќањето пораки дека сте сити. Лептинот, хормон кој ги испраќа сигналите не ја врши својата функција, додека фруктоза која ја внесуваме преку шеќерот постојано предизвикува глад.

8. Станувате зависник од шеќери

Шеќерот предизвикува лачење хемикалии кои влијаат на центарот на задоволство во мозокот, т.е. на лачење опиоид и допамин. Како и кај оние кои земаат дрога, во овој случај постепено се развива толеранција кон шеќерот, а со тоа и организмот ви бара дополнителна количина.

9. Замор

Премногу шеќер во организмот доведува до постојано чувство на замор. Доаѓа до постојани промени на нивото на шеќерот во крвта, поради што организмот постојано ви бара да јадете нешто слатко.

10. Депресија

Постои поврзаност помеѓу депресијата и слатките. Оние кои постојано јадат нешто благо, стануваат склони на депресија.

11. Кожата на лицето старее

Шеќерот во крвта се врзува и за протеините и така се формираат штетни молекули наречени AGE, кои ги напаѓаат околните, вклучуваат и протеински влакна во колагенот и еластинот, состојки кои ја прават кожата да изгледа цврста и еластична. Како резултат на тоа доаѓа до опуштање на кожата и создавање брчки.

Би можело да ве интересира:

Атопичен дерматит кај бебиња - зошто се јавува и како се лекува? Бебето е нервозно, плачливо, постојано се чеша и не спие навечер. Атопичниот дер...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Зошто понекогаш окото ни „игра“ и дали е знак за сериозен проблем? Играњето на окото е појава со која сме се соочиле скоро сите. Во повеќето случаи...
Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
7 помалку очигледни симптоми за рак на кожата што не треба да ги игнорирате Чешањето, но и необјаснивите болки во зглобовите кои траат долго или се засилува...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg