Грешки кои сите ги прават со контактните леќи, а можат целосно да го оштетат видот

Со лошото одржување на леќите го ризикувате здравјето на очите, а иако контактните леќи се релативно сигурни, сепак луѓето кои пречесто ги употребуваат ретко се придржуваат до пропишаните правила.

greski-koi-site-gi-pravat-so-kontaknite-lekji-a-mozat-celosno-da-go-ostetat-vidot-1

Носењето на леќите подолго од предвиденото или со самото тоа што не ги чистите како што треба, можете да се доведете до сериозни последици.

Појава на кератитис

Недоволната темелна нега на леќите може да доведе до кератитис, кој се појавува кога бактериите пронаоѓаат пат да стигнат до вашата рожница. Годишно се дијагностицираат милион случаи на кератитис, а иако лесно се лекува сепак треба веднаш да побарате лекарска помош. Неправилното лекување може да доведе до целосно губење на видот.


Како да ги избегнете инфекциите?

Ако кератитисот ви звучеше застрашувачки, не значи дека веднаш треба да ги фрлите леќите во кантата за отпадоци, бидејќи многу лесно можете да ги избегнете инфекциите на очите. Сѐ што треба да направите е да се придржувате до упатствата за леќите:

- Вадете ги пред спиење, туширање или пливање.

- Редовно менувајте ги (колку често зависи од леќата).

- Задолжително мијте ги рацете пред да ги фаќате леќите.

Иако овие совети се подразбираат, сепак често се случува да се занемарат и подоцна да зажалиме што сме изумиле на нив.

Би можело да ве интересира:

Симптоми кои се јасен знак дека треба да го однесете детето на очен лекар Го покрива едното око, го држи телефонот премногу близу до лицето или многу чест...
Како да го зачувате и подобрите видот без носење очила? Вежби кои треба да ги применувате Имате потешкотии при читање, проблеми со отсјајот на светлата, а окото сѐ помалк...
Како да се справите со вошките и што треба да знаете пред да почнете да го чистите детето? На гнидите им требаат од 5 до 10 дена за да се развијат во мали вошки, на кои па...
Јога вежби со кои ќе ги одморите очите од постојано гледање во екран Денес, кога живееме во дигитална ера, нашите очи честопати се изложени на екрани...
9 можни причини зошто очите ви се иритирани и ве чешаат Покрај сезонските алергии, и некои лекови можат да предизвикаат сувост и чешање ...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg