Уморни сте и под стрес? Направете го следниот експеримент...

Ако се чувствувате уморни, исцрпени и истрошени не треба само да седите и да чекате тоа чувство само од себе да помине, туку преземете ги работите во свои раце.

umorni-ste-i-pod-stres-napravete-go-sledniov-eksperiment-1

Тие симптоми покажуваат дека сте ја поминале границата на издржливост и дека сте опфатени од стресот.

Состојбата може да е предизвикана од работата, семејството или социјалниот живот, но време е да закрепнете.

Направете го следниов експеримент:

1. Исклучете ги сите уреди најдоцна до 22 часот.

2. Во текот на денот бидете физички активни, но наместо премногу да се заморувате пробајте јога, брзо одење или едноставно пешачете. Низ физичките активности ќе ја намалите напнатоста која е собрана во вашето тело.

3. Додека сте на работа, секогаш практикувајте барем 5-10 минути дневно да се тргнете од бирото и да излезете на свеж воздух. Слушајте музика, медитирајте и посетете го најблискиот парк.

4. Бидете фокусирани на она што досега сте го направиле, наместо на она што не сте го постигнале. Блискоста со семејството и пријателите е многу важна, но тоа е сепак меч со две острици. Понекогаш блиските имаат потреби и очекуваат од нас истите да им ги оствариме. Токму тие работи нас ни генерираат стрес и не сме во состојба да се опуштиме. Затоа важно е да се постават граници и однапред да процените дали сте во состојба да ги исполните.

Како вие се спротивставувате на стресот и уморот?

Би можело да ве интересира:

Ако имате рак и сте под стрес, болеста се шири и до 4 пати побрзо, според ново истражување „Стресот е нешто од што не може да се заштитат пациентите кои боледуваат од рак“...
4 предупредувачки знаци дека менталното здравје треба да ви стане приоритет Дали лесно станувате гневни, дури и за најбаналните работи? А, дали ви се чини д...
Вие прашувате, психолог одговара: „Немам желба да правам ништо, дали страдам од депресија?“ На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Зошто ви се појавуваат афти и како да ја намалите болката? Стресот, но и цитрусното овошје можат да бидат причина за појава на афти. Иако о...
Вие прашувате, психолог одговара: „Како да се ослободам од постојаниот страв дека ќе се случи нешто ... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Работи кои го зголемуваат нивото на шеќерот во крвта, а не се храна Лошите навики кои скоро сите ги имаме може многу да влијаат врз зголеменото ниво...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg