4 работи кои ги правите, а не сте свесни дека ви го уништуваат метаболизмот

На метаболизмот не влијае само тоа што го јадеме туку и како се храниме. Избегнете ги овие грешки и вашиот метаболизам ќе функционира одлично.

4-raboti-koi-gi-pravite-a-ne-ste-svesni-deka-vi-go-unistuvaat-metabolizmot-01

1. Не јадете доволно луто

Една нова студија објавена во магазинот „Аppetite“ открила дека кога луѓето додаваат малку лути пиперчиња во вечерата, чувството на ситост порано им се јавува, па јадат дури 30 % помалку храна од вообичаено.

Лутата пиперка содржи капсацин кој го забрзува метаболизмот, така што влијае на опуштање на хормонот кој го регулира апетитот и го смалува нивото на хормонот на стрес кој го поттикнува чувството на глад.


2. Многу седите

Седењето повеќе од три часа дневно за 74 отсто го зголемува ризикот од низа метаболични заболување, како што се срцевите болести, дијабетисот, дебелеењето, високиот крвен притисок и холестеролот во споредба со оние кои на столче поминуваат помалку од 2 часа дневно.

Причината за тоа е затоа што мускулите не мораат многу да работат, па трошат помалку масни наслаги.

4-raboti-koi-gi-pravite-a-ne-ste-svesni-deka-vi-go-unistuvaat-metabolizmot-1.jpg

3. Не ги миете овошјето и зеленчукот

Пред да го гризнете јаболкото помислете дали е измиено. Студијата од 2012 година која ја спровеле од „Enviromental Health Perspectives“ во врска со пестицидите кои најчесто се користат за прскање на овошјето и зеленчукот, откриле дека загадувањето се таложи во масните клетки и предизвикува воспаление кое влијае на метаболизмот.

Кога сте во можност јадете органско овошје и зеленчук и задолжително измијте го претходно.


4. Не ги миете редовно рацете

Иако како мали ве учат дека треба постојано да ги миете рацете кога работите нешто или кога се враќате од негде, сепак како повозрасни, од постојано брзање и зафатеност сè поретко се прави тоа.

Истражувањата покажале дека само 5 отсто од луѓето ги мијат рацете пред секој оброк. За да го намалите ризикот од инфекции, задолжително мијте ги рацете.

4-raboti-koi-gi-pravite-a-ne-ste-svesni-deka-vi-go-unistuvaat-metabolizmot-3.jpg

Би можело да ве интересира:

Намирници што го забрзуваат метаболизмот (и можете да ги најдете во секој маркет) Постојат намирници кои го забрзуваат метаболизмот, што ги прави одлични за оние ...
4 предупредувачки знаци дека менталното здравје треба да ви стане приоритет Дали лесно станувате гневни, дури и за најбаналните работи? А, дали ви се чини д...
Вие прашувате, психолог одговара: „Како да се ослободам од постојаниот страв дека ќе се случи нешто ... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Атопичен дерматит кај бебиња - зошто се јавува и како се лекува? Бебето е нервозно, плачливо, постојано се чеша и не спие навечер. Атопичниот дер...
Зошто не треба често да пиете аспирин на своја рака, без препорака од лекар? Многу (најчесто повозрасни) луѓе имаат навика да пијат аспирин на своја рака бид...
Симптоми кои укажуваат на тромб во ногата (и не треба да ги игнорирате) Прекумерната тежина, како и долгото седење го зголемуваат ризикот од тромб на но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg